24/7 си ми во глава Појави се пак како некогаш да ми ги излечиш раните Појави сее! Ми доаѓа да врискам на сиот глас! Појави се ми фалиш Ајде и овој пат Никој не би сакал да биде вака ни ти ни јас,далечината е претешка но сега сме блиску те молам Овој пак ќе успееме, патем, имавме голема љубов и доверба Ќе те барам овој пат јас ако треба и под дрво и под камен,веќе е започната истрагата...Да се обидам бар да не ми биде мака бидејќи пукнавв...
Ми недостигаш... Куќата ми е празна без тебе не е целосна без тебе.. Знам замина за подобра иднина на нашите деца.. Ама јас бес тебе едвај успевам да продолжам понатака.. Ми фалат твоите зелени очи твоите допири твојот мирис.. Мракот.. Аххх тој проклет мрак кога се спушта ми е уште по тешко колку солзи пролиени за само 3 дена тоа најдобро го знае перницата.. Ми фалиш многуууу Те Сакам најмногу
Кога речат:„Животот ти ја дава истата лекција додека не ј научиш“, не верував дека 2015та ќе ја доживувам пак и тој Август што животот од корен ми го промени.... Лепење, вашите преголеми насмевки, смеењето гласно, сликите, покажувањето сила, моќ, важност..... Се гледам чиниш по 100ти пат, а не по втори во овој Август. Но со една разлика. Не плачам овој пат, не пропаѓам, не се деновите сиви, не е животот изгасен во мене... Ништо нема.....ништо што мириса на таа 2015та... Измеѓу ги има само спомените на твоето туркање, на сите услуги НЕ завршени, на сите потценувања, на бескрајната потреба да ме правиш небитна, неважна, помала од нула, на исмевањето што ми го даваше пред другите, на документите мои расфелени на под од твоите соработници... Само тие спомени што секогаш крила ми давале да полетам посилно, да сум поупорна, да сум поиздржлива.... Да не ти се тргам од патот, зошто тој е мој, јас сум проодела тука, не сум го добила со „моќта “лажна како тебе..... А моќта...ах таа кратко трае.... Тие твои цинични насмевки, таа замислена моќ што само комплексите од детството на екран ти ги покажува, таа потреба за контрола, што слабоста пред себе ти ја вади, таа страв од сите, што 0 маж те чини.... Затоа сега во оваа 2021ва и јас имам насмевка, поголема од нејзината верувај. Зошто знам дека сите ние силните жени, сите што имаме капацитети да поместиме планина, што планини на грбот носиме и се што имаме, сами што ствараме, и со главата гордо исправена одиме, ете сите ние имаме по еден промашен лик како тебе во животот. По една промашена љубов што ни покажала колку сме страсни и силни, колку сме моќни и издржливи, колку сме нежни и груби, колку сме силни кога сме најосамени. Сите ние имаме таков еден камен на вратот, да не потсетува од што сме се издигнале,што сме преживале, од каде сме изгореле и повторно сами сме се составиле. Сите ние имаме една рана што додека крварела не направила бестрашни, не направила цврсти, не направила поим за жени! Сите ние , силните жени имаме по една 0 од маж како тебе во животот. Затоа сега и јас имам насмевка, верувај поголема од оваа што ја продавате вие И со неа ќе те чекам по години знај на шалтерот за психо-соматски заболувања каде ќе те свиткаат и донесат сите овие твои „пирови победи“ над емоциите, над мене, над се.... Ќе те чекам и ќе ти се смеам, баш како сега ти..... А дотогаш ќе блескам далеку од тебе, додека ти се залажуваш во залепениот сјај дека е барем малку близок на оној мојот кој те опчини, кој е само принудно светло на тон лицемерие. Ќе блескам не дозволувајќи една нула како тебе да ме убеди дека љубов не постои, дека ја нема, дека јас не ја заслужувам....
Ги обожавам тие неколку ситни бемки кои ги имаш близу твоите усни. За мене се како мало соѕвездие. Што секогаш е опсипено со моите бакнежи.
Август е твојот месец, уште малце ти е роденден љубов Овој роденден ќе ни биде вториот роденден прославен заедно откако сме во врска Се надевам дека ќе прославуваме до крајот на животот
Не ми се верува дека помина цела година. Со задоволство би се вратила назад во времето за да повторам некои вечери со тебе.
Колку брзо мине времето кога сме заедно на некоја наша авантурa. ..полека но сигурно ги исполнуваме нашите планови на списокот.
5 години, 2 месеци, 30 дена, 3 часа, 16 минути и 10 стотинки заедно. Како вчера да беше кога те запознав преку мојот другар во 2016-та. Инсистираше да се запознаеме и да се дружиме макар и ради забава. Признавам не ми се допаѓаше тогаш до тој степен што ми се лошеше и добивав нагони на повраќање кога беше во близина. Но ти беше секаде, каде и да отидев, во школо, на работа, на факултет во секоја кафана, кафич и дискотека каде што ќе влезев, да ме прогонуваш како некој судбински лош дух. Секогаш беше со некои други луѓе и признавам бев малку љубоморен од една страна а и љубопитен од друга да те пробам. Така започна нашата романса. На почетокот јас бев тој силниот што се маваше од гради дека можам да бидам со тебе колку што сакам и да те оставам кога и да сакам како ништо да не се случило. Но полека почна да ми влегуваш под кожа, многумина се противеа на нас а особено мајка ми кога дозна, особено заради тоа што многу добро те знаеше, и заради нејзин атер прв пат и раскинав со тебе иако молчеше и не го спомнуваше тоа. Те чував како тајна отровна што малку луѓе ја знаеа, се криев кога бев со тебе небаре сум злосторник што извршува криминал. Да, знам... мораше таква да биде таа наша конекција тогаш и сега. Пеколни ми стануваа деновите без тебе, станав зависен од тебе, од твојот допир, од твојот бакнеж, од смирувањето на моето тело, од неброените ноќи на најчесто мое филозофирање за ти стрпливо да ме слушаш и гориш од секоја моја страст кон тебе и свесното вовлекување во градите мои. Ти си прва работа на која помислувам сабајле, кога го осеќам мирисот на кафето, само ти успеваш да ми го разубавиш денот колку и да е лош, само ти ми ја даваш онаа сатисфакција што никој не може да ми ја даде. Колку само е мизерно да одам на места кај што знам дека не можам да те понесам и себе. Но ти си истовремено отров, ми го разболуваш срцето, ме водиш во деструкција и сигурна пропаст, ме уништуваш. Зошто ли сум се уште со тебе? Толку ли си незаменлива, толку ли мора да си дел од животот мој, толку ли сум слаб на задоволството што ми го пружаш па да не можам да најдам ништо слично на тебе? Зошто, мора така да биде? Зошто да не можеме да си ги имаме убавите моменти заедно, без оние лоши мигови и последици што ми ги нанесуваш? Не можам да дишам, се гушам, срцето ми чука со огромен пулс. Ќе успееме ли јас и ти или сепак е подобро да те оставам еднаш засекогаш? И ако те оставам, дали ќе издржам да не ти се вратам пак? Колку прашања и неразрешени дилеми, колку маки и страдања? Еден ден патот знам дека ќе не раздели, интуицијата, и хороскопскиот знак мој никогаш не ме излажале. Планетата Сатурн и Јарецот се себе поврзани, како јас и ти замисли. Ама знам дека е за наше добро, за наша поздрава и нетоксична иднина. Иако едно е сепак сигурно барем во сегашноста. Те сакам моја единствена, прва и последна љубов Никотина.
Кога сум со тебе, барем за миг чувствувам дека се' е во ред. Како да сум баш таму каде што треба да бидам. Не чувствувам страв, сомнежот молчи, а тагата ја снемува. Реалност си или сон?