Baby, I'm looking at something I can't have... Не ми требаше разговорот во никое време, особено кога буквално ништо не си кажавме. И сега ќе ми минува низ глава одново, и одново, и одново. Колку необјасниво глупо се понашам кога сум во твоја близина. Ќе ставам точка на таа работа, прво нешто утре кога стигнам. Очигледно каснам надевајќи се на научна фантастика. Треба да си го исчистам патот. Не успеав да ги оправам работите тука, не сум готова. Не знам кога ќе бидам, дали ќе ги наредам работите на време. Но ќе најдам начин, ги движам работите. Те тргам на страна. Ќе ти честитам само роденден и нема да те вознемирувам. Те препуштам на времето.
И покрај се што ми направи, ти посакувам да бидеш среќен. Добро ме издресира, стекнав многу добро искуство. Нема да дозволам повеќе поради никој ни сличен на тебе да плачам. Исто ти посакувам да се смириш со бившата што побрзо и да бидете многу среќни заедно. Можеби ќе треба да се разведе за да биде со тебе, но љубовта нема граници. Збогум.
Не постојат зборови кои го опишуваат она што јас го осеќам према тебе. Убаво вика песната, сите жени во мене живеат кога си тука и кога сме заедно. Сум имала многу пред тебе, сум видела многу работи. Ама никој не успеал да ги извади сите емоции од мене, да го осетам цел тој спектар, да се запознаам себеси и во најдобро и во најлошо светло пред тебе. Ме сакаш и кога не сум за сакање и заради тоа те сакам најмногу. ∞
Секогаш сум била покрај тебе кога ти било најтешко а сега кога си ми најпотребен ме напушташ дур и како другар. Ѓубре беше, ѓубре остана.
Не знам дали е до мене, или едноставно таква енергија шириш околу тебе, ама позитивно ми влијаеш. Среќна сум што имам човек како тебе во животот.
Не ги очекував тие зборови од тебе. И сега правиш се, за да простам. Простено ти е, ама и самиот знаеш дека никогаш нема да биде исто како порано.
Да си ја гледаш девојка ти и да не ме прашуваш мене како сум! Прво ќе те остават, скршат па после како си, како е-така е!пу каков човек сум запознала
Секој ден ми е ист, оди на работа, врати се, јади, ред муабет ред кавги , ред ситници што треба да се платат, глупости за кои не ми паѓа на крај памет а обврски ми се на некој начин.. Ме изморува секојдневиево, ме изморува начинов на живот. Сакам да шетам,да патуваме, со бебето да видиме се и сешто, зошто да го правиме свилено и да не патува и тоа душиче? Сакам да оди на сите места кај што сум била јас,ама тебе не ти е до патување дојдено, тебе не ти е до ништо дојдено,заљубен си во градов наш а јас овде се гушам.Што се смени толку кај тебе од кога бевме во врска и сега, зошто си станат толку крут,зошто не прифаќаш ништо мое..Имам чувство дека ме голта градов и дека тоа е тоа, ми поминал животов овде, како предвреме остарена..А не треба да е така.. Треба животот тек сега да ни почнува кога сме млади се уште, станбено прашање решено, ете и заработуцаме доволно, аман со тие твои грижи за иднината од детето, ништо нема да му фали на тоа дете! Само уживај ти, има и мајка која се грижи за него. Никако да се погодиме.
Се надевам дека тоа што го гледам е само моја лоша интерпретација, а не твој реален начин на делување. Не сакам да ме разочараш.
Немир си ми. Со ноќи не сум спиела како што треба затоа што не ми излегуваш од памет, се будам на среде ноќ вознемирена, дури и засрамена од сопствените мисли и желби. Те посакувам, ете тоа е реалноста. Прво ми беше страв да си признаам сама на себе, не можам на глас да го кажам тоа но можам да го напишам. За да ми биде барем малку полесно. Се надевам дека на крај нема да расипам се' и да се каам. Ќе видиме...
Како и секогаш кога доаѓате во Македонија ми ѕвониш. Како не ти е срам? Со кое лице? Ме остави, се ожени со неа да ме сакаше малку немаше така да направиш, но знам дека и неа не ја сакаш и не ја почитуваш. Но ако така и треба бидејки кога и ги отвараа очите таа не веруваше, а и исти сте си и двајцата. Престани веќе не планирам да се слушнам со тебе ниту никогаш да те видам. Јас се омажив си ја најдов среќата со него тој ми е се, го сакам најмногу на свет. За разлика од тебе тој е најпрекрасната и најдобра личност. Му благодарам на бога што го прати во мојот живот.
Штета што не успеав да те запознам во живо...и штета што таа шанса што ја имав јас ја изгубив, никогаш не се опаметив, а да бев спремна на све за тебе, не ми беше гајле што не те знам баш доволно. Едноставно не знам ни самата како те засакав толку многу, да претерано фалиш, и тоа што те нема ме убива секоја вечер све повеке и повеке. Не можам да ги заборавам тие денови кога ми кажуваше дека ти фалам секоја секунда. Не можам и не сакам, а една твоја порака мене ке ме направи срекна, дали знаеш тоа? И каде е сега све тоа дека сакаш да бидам твоја жена, и дека сакаш да дојдеш, све пропадна у вода. Те прифатив каков што си, не ми смета што си муслиман, јас тебе те сакам секаков. Ете толку