Знам за новата кучка. Можеби можеш да ги имаш сите кучки и сите кучкини синови, ама никогаш повторно нема да почувствуваш вистинска љубов. Како онаа која, јас ја негував кон тебе. Продолжи да одбројуваш и понатаму до самиот крај.
Години поминаа, уште ми е гајле за тебе. За луѓето околу тебе ми е гајле. За жена, за деца твои има да прашувам дали се добро, само ти да бидеш добро. Сеќавањето на тебе секогаш ќе си го носам со мене. Единствено живо битие на светов во кое својата ѕвезда си ја препознав си ти. Ама што би рекол Балашевиќ "Све праве су љубави тужне", така и мојата за тебе.
Целата бев обземена со емоции кога требаше да се сретнеме, ти се радував кога ќе те видев, летав во облаци кога бевме заедно, те сакав како дете! Од твоја страна пак, не видов да го чувствуваш истото и ти, не ми покажа ништо слично, најверојатно затоа не се потруди за нас. Штета! Сега друг така мене ми се радува, за разлика од тебе ќе се потрудам да возвратам со иста мера, се надевам ќе успее!
Мислиш ако ми покажеш колку пари имаш сега, ако ме даруваш со материјални предмети, ќе ти се вратам? Не си ги троши парите, ниту времето барајќи го совршениот подарок. Златен, јас не си заминав поради сиромаштија, кога немаше ништо те гледав како најголемото богатство на цел свет, си заминав поради тебе, поради твојата „болест“. И не, нема враќање назад, не поради тоа што не те сакам, а горам по тебе секој ден, туку поради тоа што знам дека нема лек за твоето. Велат надежта последна умира, ама се лажат. Надежта за нас умре денот кога заминав и нема пак да се роди.
Мислиш ако ми се приближиш полека повторно ќе ме придобиеш? Си се излажал ама многу. Поминаа години, сега сум среќна со друг. Некој кој знае да ме цени и почитува. Седи си таму кај што ти е местото, во минатото. Ај чао.
Еве ме пак во темава. Што да правам кога имам толку многу за кажување, а не знам како да ти кажам. Морам вака. Да се почувствувам полесно а ти уште ништо да не знаеш. Не ми е лесно со овие чувства, а ти правиш да ми биде уште потешко. Пред некој ден, кога ми кажа колку сум ти убава, мислам дека ме стопи и ме смрзна истовремено. Останав без зборови, и тоа срамежливо благодарам беше единственото што успеав да изустам. Не сум сигурна што чувствуваш кон мене... и дали воопшто нешто чувствуваш или така се однесуваш со сите? Не можам да откријам. Токму тоа и ме привлекува во моментов, адреналинот, неизвесноста, тензијата меѓу нас. По толку години стабилност и рутина. Не сакам ова да се случува, но факт е дека се случува. Игнорирањето и негирањето на сопствените емоции не знам до каде ќе ме доведе. И така, еве ме пак со мојата тајна желба. Само нека дојде утре да те видам пак!
На мои 26 ги променив сите уверувања, афинитети и преференци заради тебе. Најдобрата другарка со месеци не ја видов, за да не потонеш во болна љубомора и настаните да не ескалираат до степен на драматизација. Толку ниско од моја страна, зарем не? Прво мислев дека сме судбински поврзани, но сега сфатив дека ти беше тука само за да ми го поправиш расипаниот компас. За да ме потсетиш која сум, каде сум и зошто сум. Да ми удриш квалитетен "reality check". Сега веќе не ми значиш ништо. Џабе молиш, плачеш, ѕвониш од различни броеви... Не чувствувам ништо. Ладна сум како камен. Сеедно ми е дали ќе те видам уште еднаш. Сеедно ми е дали ќе бидеш со некоја друга. До толку дојде и така ќе остане. Сега само сакам нов почеток, ама за првпат проклето реален. А тебе фала ти што беше дел од мојот живот, и ми помогна да спознаам која сум дур сеуште не е премногу доцна. Аdio.
Значи ќе касниш можда зошто пред тоа ќе идеш до цвеќара. Си го издаде изненадувањето. Добро ќе те чекаме сите тебе ајде и така си почесен гостин, тебе те чекаат да те запознаат конечно.