Го сакам чувството што ме исполнува кога очекувам да те видам. А уште повеќе сакам кога сум до тебе, кога се смееме заедно за нешто сосема случајно, навидум неважно. Сакам да ја слушам твојата смеа како ја исполнува собата. Сакам да гледам како очите ти блескаат и како навидум случајно ме допираш за рака. Сакам да ја чувствувам хемијата помеѓу нас, која како да ми навестува нешто прекрасно.
Секогаш кога ќе дојде песнава на ред да ја слушам, ме потсеќа на тебе. Јас Саша секогаш го сакав, а ти Цеца. Ако ме читаш некогаш, Ja cu prva од скриен број на времето јас ти ја пуштав.
Ме измори веќе. Од мај месец чекам да зборуваме, трпелива сум иако оган ми гори во градиве. Само нека се реши ситуацијава, доволно време помина на млаки односи. На глума дека е океј а не е. На мои залудни обиди за разговор, па макар и за крај. Не дека сакам, но подобро тоа од ова сега. Едно големо НИШТО станавме. Се ти е побитно од мене, премолчувам за да не кажеш пак дека претерувам. Еден обичен муабет со месеци го влечиш, а навидум врската среќна ни е. Во последно често се прашувам како стана ваков, оваа твоја себична верзија не ја знаев. Или можеби ова си ти, а јас никогаш не сум те познавала. Жално.
Ваљда до тука ни било пишано. Успеа во тоа што ми го кажа дека ќе ме повредиш на најлош начин, честитки. Јас и без тебе повторно ќе успеам.
Најсреќна сум кога знам дека за брзо ќе те видам, гушнам, бакнам. Ме радува твоето постоење во мојот живот. Не дека не знаев како да живеам кога те немав, туку откако те имам се е многу поубаво и се има смисла.
Знам дека реков дека нема да пишувам за тебе веќе, али си најдов утеха у ‘боље тука него на него’ . Па еве ме, добредојдов Деновиве сум многу растревожена. Буквално кризирам за тебе. Сакам да ти се јавам и да ти ќутам по телефон, само за да ти го слушнам гласот. Друго, Скроз ми проаѓаат мисли дали постапив правилно у денови коа сум ваков слабак, а знам дека да. Абе се нервирам, не знам шо ти посакувам, у денови кога сум океј си викам само среќен да е, У денови коа сум како рањени орао си викам сакам да патиш као и ја, Па после се каам, сама си викам биди над ситуацијава, стегни заби, Мора да помине, ама у пичку матер. Не поминува и ништо не ми помага, времево уопште не ми е сојузник зошто не ми избледуваш, него само ми е потешко. Го мразам ова чувство на немоќ, мразам шо сум паметна за сите и за све друго освен за тебе. Не сум способна да сакам веќе, нити да се врзам со некој, твоиве грешки ги плаќаат недужни луѓе, Налет и љубов и све. Налет ти, јас, ова и непостоечкото ние. До следно, стварно налет
Можеби изгледам воздржана, па дури и ладнокрвна на моменти, но обиди се да ме разбереш. Претпазлива сум. Се познавам себе и знам како реагирам кога во мене се појавуваат чувства. Се обидувам да ја задржам контролата врз себе иако знам дека залуден е напорот. Требаше денес да те гушнам цврсто, а успеав само да те допрам многу срамежливо и да се надевам дека ќе прочиташ од погледов што чувствувам за тебе. Требаше да се отворам пред тебе многу повеќе, но има време и за тоа. Барем така се тешам. Нема да брзам. Велат дека добрите работи доаѓаат бавно. А за тебе човек вреди да почека... и да се потруди
Дали ти се верува дека морав да и платам на другарка ми да ти пише и пренесе нешто? Веќе и платив на една ако се сеќаваш пред еден месец.... Јас што ти така самоуверен, мислеше дека смислувам изговори за да те слушнам, јас плаќам луѓе за да не те слушнам ниту гледам ти се верува ли?? Денес оваа другарка додека „поткупот“ и го пренесував, оваа што прва истрча да ми помогне да си ги соберам крилата искршени после твојата сцена, оваа што ме гледаше сите тие години како се убивам по тебе, како ја губам насмевката, соништата, оваа што гледаше и се правеше дека не гледа ништо денес ме праша: „Како бе успеа да светнеш после него?“ и во погледот и видов дека очекувала да плачам како некогаш, очекувала мачни ноќи на тешење... Таа несвесно по твојата сцена што книга ми подари во која пишуваше: „сакајте се себе, со таа љубов се почнува и се завршува....ако вие се казнувате, обвинувате и се мразите , кој ќе ве сака..?“, ме праша како се собрав, иако бесшумно ме надлетуваше овие месеци.... Таа не знае дека јас само прогледав со твојата сцена, прогледав дека маж за првиот роденден што ме турна додека со солзи в очи му давав подарок, дека маж што ми кажуваше кои жени се поубави од мене, дека маж што ме туркаше и кажуваше дека не сака да ме гледа, дека маж што никогаш не дојде по мене, дека маж што никогаш не ми се јави, дека маж што никогаш подарок не ми даде, дека маж што никогаш роденднеот не ми го разубави, дека маж што други носеше на ручек и кажуваше како времето му лета со него, дека маж што ебеше други додека чекав трошка внимание, дека маж што додека барав работа во цела своја моќ името не сакаше да ми го спомене, дека маж што ме тераше да гледам колку е моќен додека врши услуги за сите, ама мене ми повторува дека не сум вредна колку тие сите, дека маж што играше додека го погребував најмилото, дека маж што никогаш не ме погледна во очи и не рече „те сакам“ дека маж што никогаш не ми рече "ми недостигаш ", "се плашам да те изгубам" дека маж што не ја виде мојата сила, мојата интелегенција, капацитетите пред мене, дека маж што секогаш ме понижуваше за жени што немаат кај да одат,немаат ништо свое, па одат по него, дека маж што виде дека имам се и се постилам пред неговата милост, за да го турне тоа дека таков маж, ете таков што го носев како терет на грбот, како сколиоза која не ми дава да се исправам и погледнам во својот лик, во својата сила, во своите капацитети не вреди ниту солза. Дека таков маж што ме тераше секое утро да си викам невредна незалсужуваше повеќе ниту една солза.... Ете тоа мојата другарка денес не знаеше додека и плаќав дека ми олесна, дека ме спаси и дека ме потсети колку вредам и залсужувам се, таа твоја сцена што имаше намера по којзнае кој пат 0 безвредна да ме направи... И чекај ја... ќе ти пише... ќе ти пише да ти каже за работа, но меѓу редови, другарка ми ни мртва веќе гласот не би ти го чула и плаќа за тоа.... П. С. Сепак фала ти за сцената.... Ми помогна да си потврдам колку имам лавици другарки кои истрчаа веднаш и кои веруваа во мене....и за тоа колку ме потсети дека сум независна и се мое е само мое и дека тука ми е силата.... Тоа вредеше за сите солзи непотребно фрлени по тебе.
Само сакам да верувам дека има вистина во тоа ако две души се створени за да бидат заедно секогаш ќе најдат начин да бидат. Како што Леси се враќа дома, така и ние… Мене ти си ми дома.