1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.181
    Допаѓања:
    23.178
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто толку се навлеков на тебе, незнам неможам коментар да дадам, искрена сум со тебе секогаш, сурово и болно искрена, ми е криво што е вака, премногу ми е криво, и сакам да бидиш само мој, и на никој друг, дали толку ми даде внимание како никој друг досега не сум свесна поќе ни самата, урлам пискам дома и не спијам и нејќев прее да се разделиме, си ветив самата на себе дека нема да се заљубам а ти секој ден си поразличен и поразличен, ти реков дека ми си одвратен и вистина ми си со се ова што ми го правиш. Знам дека осеќаш нешто, сигурна сум проклето многу сум сигурна.
    Ќе полудам, проклети да се сите препреки, ПРОКЛЕТИ!!!!!;(
     
    На Pinkdust, Stephen Amell, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.313
    Пол:
    Женски
    Со колкава возбуда се спремам што да носам за утрешниот дејт, како да сме 1 месец во врска, а не скоро 3ипол години. :D
    Уште имам пеперутки секој пат кога ќе те видам. :inlove:
     
    На BlackMistery, Pinkdust, Ivan4e04 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    14.361
    Пол:
    Женски
    Денешното утро е убаво само поради мирисот на твојот пад....

    Поради сигурното распаѓање на твоето его, твоите позиции,
    твоите замислени арогантни чекори,
    твоето идиотско држење на телото и сите газења кои ми ги даде зошто ти беше нели Бог и батина....
     
    На anetka55, poppie, Acronia и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.584
    Допаѓања:
    79.065
    Пол:
    Женски
    tangled-rapunzel.gif
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Нема никогаш да дознаеш колку те сакам, и тоа нема никогаш да се промени без оглед на сѐ. Ако треба илјада години нека поминат, само да знам дека еден ден ќе ме фатиш за рака. :u:
     
    На poppie, christinnn и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Моментите кога имаше помирно море помислив дека го слушам брегот на мојот спас во исто време кога можев да ја слушнам незаинтересираноста во длабочината на твоето срце. Лебдам во очај и го слушам сопствениот бунар од солзи гушејќи се за воздух и твое посветено мислење за мене додека тонам во неподносливиот звук на соочување со вистината, придушен само од тенките прсти на твоите убави раце. Речиси четири години подоцна ми се подобрува фокусот и стотици различни нијанси од надеж се распрскуваат од овенатите цветови кои се наоѓаат на брегот. Покрај опиеноста од морето не можеше да се заинтересираш за мене и воопшто приметиш дека постојам, но посакувам барем да можеше да ме слушнеш кога ти кажував дека обожавам да чувам цвеќиња. Се што ти кажував беше лага, ништо од тоа не беше мое лично мислење. Извини што те излажав. :f:
     
    На cresa-jagoda и blackpanter им се допаѓа ова.
  7. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.016
    Допаѓања:
    41.325
    Пол:
    Женски
    Покрај тебе ќе заборавам на него. :l:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    14.361
    Пол:
    Женски
    Да се правеше скриншот на душа, мојот ќе беше сива слика од разнесена бомба во втората светска војна, со делови расфрлени на сите страни и чад кој излегува насекаде....

    Тој чад ме гуши и мозокот ми го затрува полека....

    И сега кога на еден состанок нашиот прекрасен психијатар ми рече :
    "да те клонираме сакам,
    ми требаат уште 10 вакви совршени и енергични да ме убедуваат дека ќе го сменат светот"
    Јас само го свртив погледот и чадот на тоа дека ти бев недоволна, пламенот на газењето и понижувањето твое ми излезе во очите,
    И не се израдував... И не бев горда за жал....
    Само бев сива, бев крвава во душата, со чад од твоето омаловажување кој ми ја помати сликата за себе, кој ја замагли мојата вредност пред себе самата....

    Жално....
    Жално што само болката и навредите се клонираат и траат како одек по бомба од втората светска војна.....
     
    На blackpanter, Nikolina35 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    45.610
    Пол:
    Женски
    И овој живот и секој нареден би го поминала со тебе :inlove:
     
    На blackpanter, mula и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. petrova89

    petrova89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    1 месец со тебе ми е поубав и посреќен од 2 и повеќе години врска со бившиот. Се надевам ќе биде ова една успешна и убава приказна како и нејзиниот убав почеток и нема да доживее тажен крај.
    Не сум ти кажала уште ама те сакам. Ќе ти кажам наскоро, заслужи да слушнеш. :l:
     
    На blackpanter, carangigia, Aschenputtel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.452
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Ти текнува кога ти реков дека сам ќе се зезнеш на крај? Или опеано во песна when you hurt me- you hurt yourself,don't hurt yourself.Јасно ти е сега? Јасно ти е,очите те издаваат и покрај целиот труд и лажната фасада од живот што си ја намести.Егото те донесе до дно.Си го намести креветот,сега лежи си, нема веќе враќање назад.И веќе ни ме ни интересира дали можеше да биде поинаку.A јас сега сум конечно и искрено во секоја смисла на зборот-unattached од тебе. Конечно.
     
    Последна измена: 24 октомври 2021
    На blackpanter, cresa-jagoda и Vildiz им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ќе пишам, уште еднаш, за последен пат овде.
    Ноќеска те мислев, мислев на 5те години поминати и сите настани.
    Се сменив многу пати, чувствата исто така многу пати се сменија, некогаш те мразев и те повредував и посакував да страдаш. Некогаш пак те сакав најмногу на светот. Не знам дали беше ова до денес врска, дали љубов, силно пријателство или непријателство, или пак имаше од сите нешта по малку. И никогаш не можев да одлучам која сум и која треба да бидам во сево ова. Но знам дека никогаш не чувствував мир зашто не знаев што сакам, никогаш не велев "сѐ е во ред". Се преиспитував за секоја постапка, за секој кажан збор и одлука која те вклучуваше тебе.
    И ништо не можеше да ме тресне од земја како тој ден. Од тој ден не сум истата личност, ниту некогаш ќе бидам. Можеби вака требало, да препукне онаму каде што е најтенко.
    Ама морам да признаам дека после 5 години денес го осеќам тој мир, таа среќа и слобода со тебе. После 5 години знам која треба да бидам со тебе.
    Дали требаше да ти се случи тоа за да постигнеме мир? Грдо ми е да речам дека да, требаше. Ама тоа е што е, нека биде убаво отсега натаму. Оставив на тебе, ти одлучи да продолжиме. Се надевам не се каеш внатрешно, се надевам многу дека не се чувствуваш заробен и присилен туку си среќен покрај мене.
    Она што го гледам и чувствувам сега нека не заврши.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Ми фалиш.
    Те сакам тука до мене.
    Те молам дојди побрзо.
    Ми се гушкаш..
    Ама и се плашам.
    Се плашам да не те изгубам и да ме боли повеќе.
    А посебен си.
    Ме правиш најсреќна.
    Оака како што ти знаеш да ме насмееш, расположиш, смириш, разгалиш, све и свашта, не знае никој.
    Оаков како ти, не се повторува.
     
    На cresa-jagoda, Milobebence, _Naumche_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.313
    Пол:
    Женски
    Кјут си ми додека ми објаснуваш за вектори, агли и пресметки, а јас глумам дека не те разбирам за пак да ми објасниш пошо си ми интересен колку се трудиш да ми објасниш се и да сфатам. :inlove: Те сакам. :inlove:
    И научив иначе не се секирај, добар учител си дури и за една медицинарка што нема учено сто години математика и се заборавила. :lol:
     
    На BlackMistery, cresa-jagoda, Kikke и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Vildiz

    Vildiz Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    195
    Што ти имам направено за да го заслужам тоа што си ми го правел и што моментално го правиш? ;(
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    6.520
    Пол:
    Женски
    Имаш мал напредок во криењето на лагите, ама пак нешто те издава. И да не те издаде знам дека лажеш и се правдаш за работи за кои нема потреба. Секогаш препознавам, ама не реагирам затоа што не ми е важно, одредено време плус не ми менува ништо, веќе не се ни трудам, не сум последна опција, а ни ти не си единствен и незаменлив.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Слабост си ми ;)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. The_Boss

    The_Boss Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.833
    Пол:
    Машки
  19. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    947
    Пол:
    Женски
    Mi trebase neznost i milost, ne grubost.
    I namerno ja napraviv raspravijata, mozev i da prekjutam, ama si zasluzi.
    Sakav da me smiris, ama ti si otide.
    Sfativ deka ne ti znacam. Na pocetok ti kazav deka mnogu se plasam, se plasam da ne bidam povredena. Nz kako se zblizivme. Ama seksot ne oddaleci. Tolku nekompatibilnost megju nas.
    Nervozna sum, priznavam, netakticna, izbuvliva.
    Denes bevme eden do drug ama daleku mnogu daleku. Mislam deka nikogas veke nema da me pobaras. Ama ako, nemora. Nejkam. Navistina, iako ti kazav pobaraj me.
    Sakam da se sredam so samodoverbata. A jas i ti tolku loso se sfakjame. Loso mi vlijaes.
    Ne sme se videle dolgo vreme a nemavme ni sto da si kazeme.
    Ne te interesira nisto, sama prasuvam sama odgovaram. I sam mi rece deka si takov, malce namkor. Nz zosto prodolziv da se gledam so tebe.
    Nema neznost, nema vnimanie, nema nisto. Ni kako si pominav denot. Sekoj zbor ti e aham, okej, taka li. Praznotija koja sakam da ja popolnam. Nasila. Podobro ne me baraj, nasila se gledam so tebe. Nemame ni temi za razgovor. Nisto.
     
    На mira.mira, Kasiopaja221, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. GoldLeo

    GoldLeo Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    8.043
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да те видам :inlove:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.