Колку се израдував што ми се ослободи слободно време за утре, за да си го поминам со тебе. Едвај чекам.
Само сакам сѐ што вечерва ми рече да ми се оствари. “Вистината” која сам си ја измисли да ми се оствари, да си во право, да си во ебано право еднаш во твојот мизерен живот зашто јас сѐ би дала да е така како што велиш ти. Не би те ни погледнала да е така како што велиш ти, а не да правам муабет со тебе. Ете, дај боже универзумот еднаш да те послуша и да се оствари сѐ што ми рече.
Кога и да ми пишиш порака на мобилен, јас се радувам како мало дете кога ќе ја видам пораката Посебно пред спиење или кога на утро ќе се разбудам со твоја порака
Никогаш не сум се чувствувала вака сакана. Дури се прашувам и со што те заслужив. Ти си како нереална бајка, како најубав сон од кој ми е страв да не се разбудам во секој момент. Твојата насмевка, твоите мили зборови и гестови со кои ме правиш да се чувствувам како најсаканата личност на светов. Дали е ова реално? Се молам само да останеш што е можно подолго, да уживам во ова чувство што ме прави да лебдам некаде на седмо небо
Длабоко во себе верувам и се спротиставувам на потсвеста дека не е тоа за кое пишуваш искрен твој став. Одбивам да се спротиставам на разумот дека всушност не те познавам, но вака е подобро. Ги имам изгубено сите перспективи кои водат до твое идеализирање. Ќе биде и од мене нешто, само ти остани таков каков што си. И покрај тоа што знам дека вредам и заслужувам многу повеќе од тебе, сеуште те жалам зашто очигледно е дека никогаш нема да прогледаш вистински. Видот можеби еден ден ќе ти се врати, тоа е сигурно ама ќе биде полузаматен и никогаш нема да можеш да гледаш како и сите останати што ме гледаат бидејќи претходно си бил тотално слеп, но ќе гледаш доволно колку да видиш дека нема да бидам тука. Пасив агресив чао.
Оу мај мај... смешно е колку ќе те бајтне за задникот кажаното. Очигледно градов е премал за да се сретнеме/уваме повторно он а деили бејсис. Но, си стојам на своето. Последно беше. Сеуште си одвратен на начинот на кој беше. А мислам дека и ти нема да сакаш да ми се доближиш за да контактираме следниот пат кога ќе ме видиш. Тоа го дадов до знаење. . , , Има напредок, имам респект за помошта и за тоа што си, но доста е доста. А ние, јас, сум многу после "доста" и време е да те оставам во минатото за да те надминам. Нешто кое сум готова да го направам.
Се што барав да поседува и да е една личност, го најдов кај тебе. Јас сум среќна личност зошто те пронајдов и те имам во животот.
Пред тебе ги покажав сите мои лоши страни и ти избра да останеш. За другите пред тебе само се трудев да бидам најдобра верзија од себе, на моменти и да глумам нешто што не сум само за да ги задржам, и сето тоа завршуваше со разочарување. А ти, ти си нешто различно. Станав зависна од тоа да те слушам како се смееш секој ден, да ми раскажуваш како ти поминал денот и да уживаме заедно во навидум баналните секојдневни ситници. И пак не ни е здодевно. Баш напротив, времето ни лета неосетно. Ако тоа не е знак дека си ми нешто посебно, тогаш не знам што е. Ти благодарам што си тука до мене. Ти благодарам за секој зрак топлина во моето студено секојдневие.