Цело време мислиш на работа, на одмор решаваш приватни работи. Не дека немаш време за мене, имаш, ама и тогаш мозокот ти е во обврските, цел одмор на тоа мислеше. Мислев дека е период, ама не, чекам да се среди едно, излегува ново. Со години исто, крај нема. Имам разбирање и трпение само се при крај, не знам од кога не сме седнале да зборуваме на некоја опуштена тема, за нас, и ми фали тоа. Тапкаме во место толку време, се' ни е од навика и рутина, никаква акција, никаква иницијатива. Станува мачно и досадно.
Во мене предизвикуваш бура од среќа. Страв ми е да не ме штипне некој па да се разбудам... и ова да не е само убав сон. Те сакам. Друго ништо не ми треба
Се уште ми ги окупраш мислите, се уште се навраќам на заедничките моменти, се уште треперам на твоето име, се уште те сакам. Кога би имале можност, се би било поинаку во оние одлучувачки моменти, но не верувам дека истото го чувствуваш и ти.
Секој пат ко че не ми одговара нешто, а ти секој пат се враќаш на чуден начин, јас ќе ти кажам во лице дека креатура како тебе се нема променето е нема да те гледам со истите очи како што те гледав претходно, како капка во дланка, и имав време и желба да ги слушам сите твои каприци и да биди се океј. Мизеријо една изгуби се од мојот живот.
Сите околу мене забележуваат колку сум променета. На подобро. Ми се познавало по погледот дека сум среќна, сум блескала. И да, заради тебе е. Откако те запознав, животот ми се промени на подобро, се' е некако посветло, потопло, весело. Целата поддршка, грижа и љубов што ми ги даваш, за мене значат живот. Кога на минатата средба ме прегрна цврсто за да ме стоплиш во студената ноемвриска ноќ, мислам дека во мене го разгори огнот што долго нема да згасне. Твојата прегратка како да ги избриша сите мои неволји и болки од минатото. Бакнежот уште гори на моето лице. Ноќта беше волшебна. Се молев да не заврши никогаш. А кога ми призна дека и ти се чувствуваш така кога си до мене, од мене веќе нема посреќна личност на светов. Мислам дека се' околу нас застана, изгубивме претстава за време и постоевме само ти и јас. Ти благодарам за сите овие волшебни чувства што ги предизвикуваш во мене. Жива сум. Вљубена сум и со тебе сум. Друго ништо не ми треба за чиста и искрена среќа
Кога ќе помислам на било каков момент со тебе и си се смешкам, знам дека сум зацапала длабоко, до неповрат.
Ми значиш, ама тоа што го направивме е грешка која не смее да се повтори. Не сме еден на друг, и најдобро е да го чуваме она што го имаме моментално. Сакам да бидам со тебе но сега не е вистинското време. Можеби во иднина, кога ќе расчистиш со минатото. Знам дека те привлекувам, но не сакам да ти бидам само за онаа работа само да ја преболиш неа. Сакам да ти бидам многу повеќе. Сакам да ја повториме онаа вечер кога се смеевме раскажувајќи ти ги моите глупости а ти се смееш нарекувајќи ме позитивна будала. Јас да јадам од крофните што ми ги купуваш а ти пицата што ти ја купувам. Да ме држеш во раце и да ме бакнеш изненадно. Да ми го дадеш твоето палто зошто пак би ми студело. Да ми ја држеш раката и да ја бакнуваш а јас срамежливо да се смеам. Еј, и ти текнува за полицијата? Ти ја бараше возачката избезумен зошто имаше полиција обично таму кај што секогаш се собираме, а јас се смеев на задње седиште у твом ауто јадев од крофните и требаше да ме испратиш дома. И дај бе, смени ја работата, ЃубреНЦЕ. Обожаваш така кога те викам, со нце на крајот. Гледам дека те исцрпува и свесен си за тоа, не се измачувај. И на уште нешто се сетив, како се сопнав, а ти ме задржа да не паднам и ми кажуваше уште колку скали има за да не се избрукам пак. Трапава сум, шо да правам. И нешто за крај. Те обожавам... Знаеш да ме извадиш од такт, да ме изнервираш и да ме налутиш ама пак те обожавам. Сега бејб.... Не се грижи, ќе го победиш и здраствениот проблем, ти си борец. Среќа па не е сериозно ама.. сакам да биде се во најдобар ред. Ама... Морам малку на дистанца да бидам, се фатив како мислам на тебе и тоа не е добро. И така, до следно видување смотан. Се надевам дека еден ден ќе имаш прилика да го читаш ова тука. И не биди буцкало. Слатки сни. Ќе поминам да те покријам.
Уништивме се со нашиот инает, се што имавме. Највеќе другарството. Штета што не дозна колку ми се допаѓаш и колку се гледав со тебе во иднина.