Тоа што ми го правеше мене со месеци, им го правиш сега на останатите. Подмолност, навреди, исмејување, дволичност. Најверојатно така било и со години. Ти благодарам.
Го обожавам времето поминато со тебе, секоја минута од него. Се допаѓам самата себе одкако сум со тебе, ме смируваш. Некогаш дури ми оди да заплачам од среќа.
Скоро два месеца те немам видено, и одеднаш ми пишуваш дека си пред врата. Зачудена искачам, и гледам како држиш многу благо во најлонче, знаеш дека ги обожавам! Awwwww
После пожарот што ни се случи дома, ти сепак си тука и ми даваш подршка. Смотан, фала ти што ме трпиш. Ама смешно ми е, исти хороскопски знаци сме па кога ќе се скараме, сме комедии. Ниту јас ниту ти не попушташ ама на крајот ќе омекнеш, и ќе ме смееш и ќе се лигавиш. Душо.
Сакам да имаме син како тебе, да личи физички на тебе и да го има твојот карактер. Уште тоа ми недостига за да бидам целосна и комплетна во овој живот.