Сакам кога се прегрнуваме и не можеме да се разделиме. Толку ми е удобно во твојата прегратка, толку ми е убаво во твоите раце
Кога ме прашуваат за тебе веднаш одговарам со насмевка. Смотан еден, ми го разубавуваш секојдневието.
Премногу ми фалиш. Едвај чекам да ни завршат обврските и да се видиме. Колку добро би ми дошла твоја прегратка сега.
Какво изненадување ти спремам, ќе видиш за неколку часа. Ми доаѓа да викам и да ти кажам дека ќе станеш татко, не знам како издржав, но вака ќе е поубаво, нека биде нешто што ќе се памти секогаш. И многу ме нервира оваа твоја трета смена, не сакам во празен кревет да си легнувам, не спијам вака убаво. Утре вечер ќе ми надоместиш за оваа вечер што сум сама!
Ваква сум кога гледам слики наши во телефонов. Премногу ми недостасуваш денеска. Но, многу сум горда на тоа што постигна месецов. Знам дека се правиш за нас.
И после две години, ненормално уште ми фалиш. Како вчера да се изгушкавме последно, а не пред две години. Слушнав со друга си. Ако, не се лутам. Не ти бев најидеална, знам. Не те сакав доволно, и тоа го знам. Ама ми фалиш уште, будало една. Извини за се. Те сакам многу.
Колку убава порака за добра ноќ, се стопив. Имам глупава насмевка на лицето секогаш кога читам порака од тебе.
Се разбудив утрово по прекрасната вечер со тебе. Срцето ми чукаше пресилно од среќа. И уште повеќе се израдував кога во истиот момент ми стигна порака од тебе за добро утро. Сега цел ден нема да ја тргнам насмевката од лице. Па нека се прашуваат сите што ми се случува