Какво изненадување ти спремам По толку години заедно, уште имам идеии Нема да можам да издржам дури да ти го дадам
Едвај чекам да те прегрнам а ти така да ме кренеш во раце и бакнеш. Ти реков ли дека се ќе биде во ред? Ти реков ли? Смотан некој, ми ја разубави вечерта...
Еве, се вртам во кревет и те мислам. Не знам како да ти кажам дека ми значиш со зборови, а со делата мои верувам дека си свесен. Фала ти што си ми најголема подршка во овој период. Периодов сум изгубена, растргната на сите страни, но нашите разговори ми помагаат да заборавам на момент се што се случи.
Ми иде да ти идам, да ти ја изгризам таа уста, ти да ми мрчиш а јас уште толку да те гризам. Ќе те мрднам. Се фати за орото, до крај ќе го одиграме.
Ќе ме мрднеш ти мене. Од мисли не те вадам. Што ми се случува? Почеток на љубов ли е? Што е ова меѓу нас? Другарство не е, а требаше да биде. Одиме ли по пат од кој нема назад? Ќе успееме ли или ќе уништиме? Ме полудува твојот карактер, толку опуштен, толку лабав и толку смирен. Ми недостигаш. Едвај чекам да те видам.
Многу ми недостигаш.. Твојот мирис. Твоите очи. Твоите раце. Твојата топлина. Твојата насмевка. Твојот глас. Многу сакам да беше сега тука до мене
Вечерва сфатив една работа и ќе ти ја кажам прва прилика штом се видиме: и покрај сѐ, поминати сме низ сито и решето, утре да треба да одлучам би се мажила само за тебе. Неврзан разговор со другарки ме натера да размислам на ова и буквално не можам да замислам друг покрај мене на старост дури пијам кафе од сабајле. Сум имала многу низ животов, ми значеле, сум ги сакала, исто и ти си имал, но она чувство на дома кога сме заедно сме го немале со никој. Нашето веќе го надмина стадиумот на врска, сега е многу подлабоко и не верувам дека ќе доживеам нешто поинтензивно од ова. Ти си она што викаат “моето сѐ” ама собрано во една личност.