После сета болка што ја доживеавме посакувам само да имаме бебе и нашата борба да заврши. Ти си најдобра личност. Најдобар сопруг.Пријател.Мојата најголема поддршка. Без тебе не би можела да издржам тоа што животот ми носи.
Посакувам барем ти да ме разбереше како се осеќам во врска со моменталната ситуација и да ми помогнеше некако наместо да ме критикуваш и да ми велиш дека џабе се замарам.
Зошто продолжувам да мислам на тебе? Зошто сеуште ме боли? Остави ме веќе. Остави ме да преболам и заборавам. Доста беше.
лагаооо си провидно ко пас, абе дете да бев немаше да поверувам на лагите, не па со овој мозок шо ми го дал Господ. Ај продужи даље, среќно со лажгите.
Не знам со што заслужив толку мила личност како тебе. Буквално се топам кога ќе ме гушнеш. А пеперуткиве во стомак хаос ми прават
Ги обожавам тие наши кафе муабети што траат со часови, буквално имаме теми за муабет постојано, се чудам како со тебе толку зборувам што не знам да прекинам. Уствари искрено ме освои на прво кафе пиење што траеше маратонски 4 часа и немаше ни минутка пауза од тоа што имавме толку многу да си кажеме еден на друг.
Кога сме заедно цел друг свет не постои за мене. Како само јас и ти да постоиме, друго ништо и никој околу нас. Кога сум со тебе сум дома, се чуствувам толку заштитено, сигурно, сакано и почитивано. Како и при првата средба, така до ден денеска, секаде ме отвораш врати, ми го отвораш пивото, ми го тураш во чашата. Мислев можи со време ќе го снема тоа, ама не. Те сакам најмногу
Ми прати кис со онакво емоуџи Хепи сум. Преубаво ми е со тебе. Преубаво ми беше кога ме праша "лути сме нешто". Значи не е више "лута си ми? Значи сега е "ние". Значи ќе пискам. Значи хепи сум. Све ми е преубаво до тебе. Преубаво ми беше кога праша "што љубов". Те обожавам значи. Те сакам. Љубов си ми, душа си ми.
Какви глупости ни порачав од интернет, да знаеш ќе ми речеш пак ли трошиш на глупости, нели ќе штедеше? Ама ајде важно matching маски за телефон ќе имаме. И црни земав баш ради тебе, мора да ти се свиѓаат.