Многу беше убав супрајзот. Благодарам. И секој твој супрајз ми значи. "Не можеме да правиме големи нешта, но малите можеме да ги направиме со голема љубов" - рече еднаш мајка Тереза, епа таков си ти.
Ме правиш најсреќната личност на светов и не можам да ја симнам насмевката од лицево. Можеби звучам и изгледам наивно за другите, ама не ми е гајле. Си ветив дека нема да мислам и да премислувам. Со тебе само ќе уживам во секој ден. Заслужив и поважно, заслуживме
Уште многу малку остана, дури не ми се верува, едвај чекам да дојде денот кога ќе го земеме во раце тоа малечко суштество. Се надевам тогаш ќе имаме повеќе време само за нас тројца. И дааа, се топам кога те слушам како зборуваш за него, кога правиш планови што ќе правиме, како ќе ни биде со него, кога го бацуваш стомакот и му зборуваш. Знам дека и тебе не ти е лесно да ме трпиш ваква со хормоните до плафон и да ме слушаш како ти плачам секоја вечер за глупости, ама уште некој ден и нема веќе, ти ветувам И фала ти за поддршката која ми ја даваш, за секоја прегратка и бакнеж кога ми е претешко, за секој совет, за сè досега што си направил за мене. Не можам да опишам колку сум среќна што те имам и колку многу те сакам
Љубов е кога ги криеш лошите работи од мене, за да ме заштитиш да не се нервирам, а јас кога дознавам што се случува не мислам на друго само на тоа дека ти ќе се нервираш. Не ми се важни ни пари ни ништо, ние тројцата на куп, заедно како и до сега, тоа ми е најважно. Заедно секоја бура како и до сега ја минуваме со шали на наша сметка. Многу ме нервираш што лугето ја користат твојата добрина, ама па ти и поинаку не знаеш со лошо. Те сакам, и покрај тоа што емоции не искажувам многу, и сум трупец невиден, знаеш дека те сакам најмногу
После се што ти кажав, полесно ми е на душата. И мило ми е што призна дека си виновен и дека заслужувам подобро. Знаев дека ти недостигам, но допрва ќе ти недостигам, памти ми го зборот. Личност како мене тешко дека ќе најдеш. Ќе завршиш со личност што нема да ти го даде она јас што ти го дадов бидејќи се пушташ на секоја девојка нападно и самиот ми кажа дека си свесен за се. Е, до толку си очаен. Драпај си јајца сега. Ти веќе си минато, не заради тоа што не успеавме туку заради твојот нападен карактер. Никој не ти е виновен за тоа што го работиш, најмалку пак јас. Смени си работа или намали нервоза, никој не заслужува да му се истураш. Жал ми е ама тука завршува моето со тебе. Секое добро.
Фала и што се појави во мојот живот. Фала што постоиш. Фала што си ми најголема подршка и си тука за мене. Фала ти што се грижиш за мене и моето семејство. Толку ми е полесно кога си покрај мене, за кратко заборавам на сите проблеми...
Веќе се поретко и поретко мислам на тебе. Полека, но сигурно те заборавам. Што велиш на ова, баш убаво чувство нели? Некако почнав да сфаќам дека не сум само јас виновникот за крајот на нашата љубов, џабе ме обвинуваше. И мило ми е заради тоа, барем престанав да се обвинувам дека јас сум крива за се. Очигледно двајцата сме заебале работа, злато, ама јебига, живот иде далје, доста беше. Ама знаеш што е најубаво? Вчера во сала ми прозборе колега за кој знам дека долго време сака да излеземе. И решив да му дадам шанса. И нему и себе. Затоа ќе те замолам само да продолжиш да си стоиш таму каде што си, во мојата меморија и далеку од моите очи, за да му дадам шанса на некој кој мислам дека подобро ќе ме чува од тебе. Ме изнамачи, доста беше. Ми треба не нов лист да свртам, него нова книга да отворам. И во таа книга не те сакам тебе. Извини, ама се изморив веќе, остави ме конечно да се одморам.
1. Појма немаш дека те чувам на посебно место во срцето,но и онака веќе не е битно,се изгубивме. 2. Ќе ти бидам нешто слично како бр.1 што ми е мене, но ќе ти останем пријател ти ветувам, ако тоа ти биде доволно. 3. Точно знаеш како да ме воодушевиш, интересен си, но со оган не би играла. 4. Тебе те гледав како некој познаник секогаш кога ќе се сретнеме,последниве средби некако ми даваш поинакви знаци, не сум размислувала за тебе на тој начин.
Многу сакам кога си нерасположен и јас за една минута успевам да те насмеам, онака слатко и од срце. Почесто смеј се така
Ова ќе ни биде прва нова година заедно Едвај чекам да дојде, на ниту еден друга нова година се немам радувано вака Замисли скоро цел ден заедно Сакам да излезе и да треба да спиеш кај мене, вака гушнати заедно Те сакам
Го гледав албумот со наши слики што ми го подари за втората годишнина и каква насмевка имам додека ги гледам сликите немаш појма. Какви сме биле слатки и помлади на првите заеднички слики, дечишта. Многу сме изменети сега. Ми текна на многу убави моменти, би се вратила во минатото само за да некои работи, особено почетокот на врската да го доживеам пак, колку беше се убаво. Особено сакам да се вратам на дента кога првпат се бакнавме, колку трема имаше дур ми кажа дека со месеци ти се свиѓам, па некоја минута после требаше да го фатам автобусот за дома и ме фати за рака така неочекувано и ми кажа од денеска си моја, не те пуштам. Мислев дека се шалиш и не си толку сериозен, ќе биде една летна кратка авантура измеѓу нас и нема долго да трае, а види не каде сме сега и по колку време ама сепак од тоа поубав спомен немам. Секогаш кога ми доаѓа во глава таа меморија како нервозно го фаќаш саатот на рака и пробуваш срамежливо да ми признаеш емоции, се што се случуваше цел тој ден, умирам од среќа што доживеав таков ден што можам да го паметам и секогаш да ми предизвикува насмевка. Те сакам мое срамежливо будалче .