Во случај да не знаеше, ти мене МНОГУ ми значиш ...и понекогаш незнам како ме трпиш, ама мило ми е што го правиш тоа ТЕ САКАМ имај убава вечер
Сакам да биде како порано, јас и и гушнати, безгрижни и со многу соништа. Тогаш барем не те знаев каков си навистина и верував во некоја бајка... Згрешив,се каам по 100ти пат. Како ли дете ќе гледаме јас и ти ...
Што вкусот и мирисот ти се враќаат полека, кога ќе се видиме одма одиме да јадеме нешто вкусно. Ајде издржа толку денови, уште малку ти остана од изолацијата.
Знам дека си веќе две години во врска и ќе ми останеш само симпатија засекогаш ама те сакам, многу те сакам и несакам да се мешам и да ви ја расипам врската затоа што ти си среќен со неа а јас сакам само да бидеш среќен. Се надевам дека еден ден ќе бидеме барем најдобри пријатели. Многу ми беше убаво кога ми помагаше на испрашувањето Ми ги шепкаше одговорите И кога ми го кажа името нагалено Можеби наскоро и ќе бидеме пријатели. Те сакам
Кога ти реков да ме слушаш пред некоја недела и да полагаш у казнена, ти не па не, гледаш добро е што на крај те убедив, стварно си положен . Кога ќе ти речам ја имам претчувство дека ќе биде добро, да ми веруваш. Стигна речиси до крајот. Горда сум многу на тебе.
Сакам некоја нова година да китиме елка со дечиња околу нас, а под елката да ставиме пуно пакетчиња, подароци.
Имам теорија дека постојат различни начини на сакање. Може да се меѓусебно заљубите со некој ама да имате различни идеи на покажување љубов и општо за како треба да изгледа една врска. Ама јас и ти? Поклопени до крај. И ти ми велиш дека ти е преубаво како и колку те сакам и е нешто од твојата фантазија и јас се сложувам исто дека си чудо излезено од мојата фантазија. Многу барав некој вака да ме сака, да не се плашам да бидам премногу со моите изјави на љубов и не се плашам пошто ти ме исто толку сакаш и ми го искажуваш тоа. Не ми се верува. Те сакам љубов моја. Уште малку и ќе бидам твоја онака како што заслужуваш. Те сакам.
Сакам сега да ме гушкаше и галеше по коса, додека ми кажуваш дека ме сакаш најмногу на свет. Уште само неколку дена па да те видам, овие 2 ипол недели што не сме се виделе предолго ми се видоа, цело време си ми во мисли...
Срцето ми го украде, докторе. Ќе даваш вештачко дишење следен пат зашо или ти ќе застанеш или моето срце ќе застане, друго нема.
Месец и пол веќе не сме заедно. Не комуницираме. Се што имавме се си кажавме. Останаа празнини. Како се да се збриша. Имав многу верба дека работите ќе се испраат но тоа никогаш не се случи. Постојано се прашувам зошто? Зошто? Зошто мораше секогаш ти да си во право? Можеби ти не си ми бил суден и господ така сакаше.. Многу ми е тешко на моменти како сега, вечерва кога сум сама и не знам што со себе.. Мислам дека во мене не останаа ни убави ни лоши емоции. Премногу се осеќам празно. Се трудам во животот и некако се туркам, но навечер тука е животот да ми тресни шлаканица. Зошто мора вака да се осеќам како сите избори што сум ги направила да ми се погрешни?
Понеделник е многу битен ден за тебе, за твојата кариера и знам дека ќе успееш. Знаеш дека не давам многу внимание на твојата кариера, ни пак ни кога беше студент кога полагаше, бидејќи јас сум со тебе заради ти. Ти за мене си душа, најмилото нешто и секогаш ти велам дека заборавам и шо си по професија, бидејќи јас не те гледам така. Како ни ти мене. Ти си човек, тоа те дефинира. Твоето срце и душа те дефинираат, друго не Затоа те сакам најмногу. Ти спремив подарок