Бројам саати и минути до нашето следно гледање. Нестрплива сум, сакам да те видам, да те гушнам и да не те пуштам со часови
Скоро три недели те немам видено. Многу ми фалиш, мнооогуу. Оној минатиот пат многу пасивна бев, знам, многу ми се спиеше. Ама беше 8ипол сабајле бе злато, а ти ми праиш ли праиш муабет небаре си станат уште во 4 сабајле. Не ти обрнав доволно внимание, а цело време ме распрашуваше што ми се случува у животов. Сепак фала ти шо ми дозволи да си стојам до тебе тие два часа. Те фатив неколку пати како се вртиш и ме гледаш, да не мислиш не приметувам. И само чекаш да се насмевнам за и ти да се насмееш. Не ти личи да си озбилен, докторе, ако треба цело време ќе сум насмеана околу тебе, само да ми се смееш вака секогаш. И многу си секси со наочарите, да знаеш.
Викаш се спремате за принова, a викаш дека и легнуваш до нејзе а мислиш на мене. Интересно звучи фејк брак. Good luck
Оххх би те задавила од гушкање! Колку си трпелив,и покрај се што ти изнакажав без потреба ми прости Ти си душичка уште повеќе те сакам
Искрено имам многу да напишам ама ке се потрудам на кратко Дадов се од себе за тебе и мене се борев до крај за нас иако сите беа против нас имаше 1 пречка минлива која не правеше проблем и тоа што бевме различни вери исто така ама ти се откажа ме остави така повредена уништена ама се созедов и продолжив напред иако пројдоа 6 години до сега неможам да те заборавам при толку многу додворувачи што ги имав те гледав само тебе и те сакав тебе... #животот е борба затоа треба да се бориш за тоа што го сакаш и зс тоа нешто за кое сакаш да успееш
Денес не ти го слушнав гласот, скарана сум ти, и нема да ти се смирам додека не ми донесеш тост од тебе направен.
Морам да ги средам впечатоците од ова денес, без зборови сум. Ама мислам дека виде колку ме израдува со изненадувањето, иако сум личност што не сака многу изненадувања. Ова твоето е нешто посебно, незаборавно. Ти благодарам што постоиш во мојов живот и што ме опсипуваш со љубов. Знаеш колку ми се потребни такви емоции. Те сакам to the moon and back
Ти човече повеќе се замараш за мојата бременост отколку јас! Кој ти кажал да готвиш бе, тоа си е моја работа, твое е чистењето и не ми се мешај ! И така ако земаш слободен ден или работиш од дома секогаш кога јас треба да одам на лекар или посетам бабица, кај ни е крајот? Нели се договоривме, јас раѓам деца и одам по бабици, ти заработуваш пари. Кај се парите? Фрли тоа кутлачот и кујнските крпи и фати се да програмираш. Одма!
Незнам поише као да кажам да се изјаснам незнам што ми се дешава...Само знам дека едвај чекам, едвај, со нетрпение да те видам Бројам денови,саати,минути, секунди.. уфф Убаво ми одѕвонува твојот глас во ушите би ставила и слушалки иако многу брблаш ма да, бетер од тебе сум брбливка но тој момент уживам дремам Се надевам на убави нешта, се надевам ќе дремам баш така и ќе заспивам мирно во твоја близина, поточно во твојата прегратка и нема да ме оставаш сама И да, јас сум таа што секад обожавала смеѓо плави момчиња, но ти како црномањест си ми како некоја хипноза, незнам...бар за мене... You're so hypnotizing Could you be the devil? Could you be an angel? You're from a whole 'nother world A different dimension You open my eyes And I'm ready to go Lead me into the light.. Ова од дамна ми се нема случено, ма да доколку ни успее не би те пуштила. Boy you're my lucky star Иначее...не бери гаље наскоро ќе ти дојде вештерката нема мир да видиш
Нормални луѓе не прекинуваат врски со драми и закани, знаеш ли ти? Нешто што ти се обиде да ми го направиш мене пред неколку месеци, но, не ти успеа никако. Нормални луѓе прекинуваат врска затоа што од x причини (монотоност, недоследност, некомпатибилност итн). сфаќаат дека не можат да градат заедничка унија и точка. А, не ко ти мене што се обиде да ме манипулираш, лажеш, дискредитираш и ред други работи кои ми е срам да ги напишам овде, зошто не наликуваат ни на 15 годишни тинејџери, не па на возрасни луѓе. И знаеш што е проблем? Не е проблем твојата младост, туку што ти помисли дека јас сум еби ветер, дека немам self - respect, иако јасно и недвосмислено од старт ти укажав до каде ми се границите на толеранција, што смееш а што не смееш и мислам дека ти се согласи до некаде на тоа. А, тоа што одлучив да ти ја презентирам својата ранлива страна што за никој го немам направено до сега беше со цел да те ставам на тест да видам колку може да поднесеш... Ама толку имаш мозок да ја разбереш женската психологија која е проста, а добро знаеш и ти само колку. Да, точно е, јас сакам mind games, сакам интензитет, страст, флерт, филмски залези без претерани романтики. Уз тоа толерирам специфичност, ексцентричност, автентичност, ама ти ја претера бе брат како да ти кажам?
Ако нешто не можам да поднесам е тоа што кога сум со тебе времето ми лета, буквално како песок меѓу прсти да ми се лизга. И цело деноноќие да сум со тебе пак не ми е доволно. Мислам дека кризирам кога не си до мене. И ништо не ми е доволно, сакам пак. Само што ќе се разделиме почнуваш да ми фалиш и почнувам да мислам на следната средба. Звучам неблагодарно и незрело можеби. Но на срцето не може да му се наредува. Те сакам и едвај чекам да те бакнувам и гушкам пак и пак и пак