Да ме легнеш на маса у сала и да ме отвориш и зашиеш вака со твоиве силни раце како пациентиве што ги отвараш и оперираш секој ден, може?
Глас во мене ми вели дека не сме еден за друг. Не се трудиш да ме разбереш, да беше таа на мое место сигурна сум дека се ќе направеше за неа. А зошто за нас не?
Не знам шо да прам со тебе, да ставам точка на 3годишна врска или да дадам уште малку време? Дадено беше веќе стo пати од моја страна, се изладив. Станав празна кога си ти во прашање, за то сме и двата криви. Се наоѓам на раскрсница, не знам кој пат да го фатам, не сум доволно паметна да одлучам. Ете и со мајка ми се посоветував, најобјективен и најискрен совет добивам од неа за се’ , ама џабе. Не можи да одлучи никој наместо мене. Да не избрзувам? Или да окончам шо побрзо против твоја волја. Знам дека ме сакаш многу, ама љубовта некогаш не е доволна..
Со среќа љубов. Силна си ти ќе издржиш, ти ветувам се ќе биде добро. Ќе ги оствариме сите планови заедно. Издржи, ти држам среќа. Те сакам.
Ми изгледаш среќен со неа, а и осеќам дека си. Го најде тоа што отсекогаш го сакаше, блескаш повеќе од било кога. Се уште ме боли кога ќе видам ваша слика, ама се смирувам кога знам дека си среќен. Ние не си бевме судени, ама научив да живеам без тебе, а да не те заборавам. Ќе дојде време кога ќе сакам пак, фала ти што ме научи на тоа...
Незнам како да ти се одолжам за ова што го правиш за мене.. Да не сум те слушнала после ова да ми кажуваш " не те чувам доволно, не си среќна со мене". Ме чуваш и среќна сум повеќе од колку што мислиш. Господ здравје да ти даде и 3-4 деца. Со мене секако.
Im not scared of what's coming next after that- е доволно добра причина да го направам тоа што планирам да го направам.
не можев да не ти се прејавам. иако видов дека вртиш дур зборам со друг (јер нели, бирам и елиминирам) ама коа видов дека втор пат упорно вртиш... не можев да останам онака, као не ми е гајле. имавме сепак убави планови...кои сеуште може да се остварат. вечерва ќе знаеме...