1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. cabral

    cabral Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2022
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Машки
    Bi i kazal da idi u tri lepe p m...
     
    На boo3 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Гледав твои сликички и те киснував, камо да можеше да осетиш и тебе како те киснувам..
    А можеби осеќаш, незнам.
     
    На cresa-jagoda и _Naumche_ им се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Твојата прегратка ми е лек за се. :hug:
     
    На senjorita-v, cresa-jagoda и FridaodaMk им се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    18.417
    Пол:
    Машки
    Читајќи ја низ годиниве @Dream-Girl која исто така многу ја почитувам и сме си помагале меѓусебе и посакувам многу среќа во врската и посакувам да запознаам таква девојка. :D
     
    На cresa-jagoda, Indiegurl, Hellobeautiful и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.367
    Допаѓања:
    20.922
    Пол:
    Женски
    Уште од сега се плашам од денот кога ќе те видам со некоја друга.
    Кога со неа ќе се понашаш онака како што треба. Онака како што се молев да се понашаш со мене.
     
    На cresa-jagoda, christinnn, Madrugada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.305
    Пол:
    Женски
    Никад не сум те видела у живо ама одма те познав кога помина оддалеку.
    Имам око на орел:lol:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Озбилен муабет сега.
    Преубаво ми е со тебе.
    Јас со тебе не планирам да раскинам, и ако недајбоже дојде до тоа јас никогаш нема да си фатам друг.
     
    На prominent и _Naumche_ им се допаѓа ова.
  8. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Hurt so good...
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  9. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.933
    Допаѓања:
    31.275
    Нашата љубов е посебна.
    Ти си посебен.
    И на двајцата не ни се верува колку години помина од кога се запознавме :inlove: Уште памтиш каков фустан носев вечерта кога ме виде :sun:
    Од таа вечер знаев дека ти си тој :l:
     
    На prominent, Hellobeautiful и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Maylin

    Maylin Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Женски
    Никогаш ништо немам напишано за тебе, никогаш не сум ја имала таа сила на глас да искажам сè. Нека биде ова прв и последен пат.

    Ти беше црвено знаменце во движење. Уште од сам почеток знаев дека ќе ме изиграш и оставиш, уште од сам почеток сама на себе си викав тргни се, но ете, срцето нејќеше да слуша.
    Ти си единствениот човек на кого му ја дадов душата. Ти беше единствената личност која му даваше смисла на животов. Од кога немаме контакт сè ми е така празно, така сиво. Ништо веќе нема смисла. За тебе имам влезено во безброј ризици, за тебе бев спремна на сè, и самиот знаеш колку работи направив што обично никогаш за никој не би ги направила. Те сакав повеќе и од себеси, да можев сè што имав би дала само да си добро, само да си среќен. Нашата ситуација иако беше далеку од добра и нормална, сепак ме правеше најсреќната личност на светов. Затоа што бев со тебе, затоа што имав можност да те гледам и слушам, да те мирисам, да те осетам.

    Ти си најголемата желба во животов која Бог ми ја има остварено.

    Иако не можам да речам дека ми е сеедно кога гледам колку среќно си го живееш животот и за колку пребрзо време ме заборави, сепак, не можам да ти се лутам. Ти не ме сакаше и не ти беше гајле за мене ниту кога бевме заедно, како може да ти е гајле од кога се разделивме. Но, ете, понекогаш има вакви претешки ноќи кога душата ми гори. Камо да постоеше копче рестарт, да вратев сè одново, да доживеам сè од почеток, па макар и сите нервози што ги претрпев заради тебе. Иако знам каков ќе е крајот.
    Ме остави со празна душа, ја собра целата љубов, целата надеж што ја имав во себе и си замина. Не остана веќе ништо во мене, ништо што има смисла. Не ти се лутам, знам дека не сум доволно достојна за тебе, можеби не сум доволно убава, доволно згодна, доволно паметна, не одрекувам. Единствено што имав во себе беше бескрајна, искрена и чиста љубов која до последна трошка ти ја дадов. И не беше доволно.
    Оди и живеј си го својот совршен живот како и досега. Знаеш дека те гледам од страна и те поддржувам за сè. Знаеш дека сум тука секогаш до тебе психички, душата ми е кај тебе, знам дека знаеш.

    Ако ништо друго, ти ми си доказ дека желбите, доколку најискрено и силно ги посакуваш, навистина се исполнуваат. После тебе навистина почнав да верувам во чуда.
    Збогум, моја најголема желбо.
     
    На blackpanter, Dust, Lotus Girl и 12 други им се допаѓа ова.
  11. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    И како што поминува времето ние место да оладуваме ние све повеќе и повеќе се сакаме со нови планови за у иднина..
    Посебен си. :hug::hug:
     
    На blackpanter, _Naumche_, prominent и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. gold.unicorn

    gold.unicorn Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Со тебе сум најсреќна!
     
    На cresa-jagoda, prominent и carangigia им се допаѓа ова.
  13. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Мислам дека веќе станувам токсична чим неможам поише од еден саат без тебе.
    Мислам дека те гушам веќе.
    Незнам..
    Ми фалиш, сакам гушкам.
    Се надевам ќе купиш рачка за телл и ќе дојдеш.
     
    На Cecko85, cresa-jagoda и prominent им се допаѓа ова.
  14. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Не ми треба сон, не ми треба ништо друго... Освен ти.
    Нека поминат овие неколку саати па сакам да те видам пак:inlove:
     
    На senjorita-v, cresa-jagoda и edna_malecka им се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Ајде станувај спанко, доста спиеш, цело утро го преспа. :hug::l:
     
    На senjorita-v, Cecko85 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.400
    Допаѓања:
    91.282
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е доста. :)
     
    На senjorita-v, Dust, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа како внимателно ме слушаш секогаш и ги памтиш сите детали што сум ти ги кажала и после толку месеци. :inlove:
     
    На senjorita-v, Cecko85, MeowMeow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Вечност..

    Како да помина цела вечност од кога на мојата душа и се случи ти,а јас те чувствувам дека дишеш до мене сега,овде,тука..

    Можам да се претворам во поет за да објаснам и да раскажам,но немам на кого.Мислам дека нема личност која што може да седи,да ме слуша како зборувам,и на крајот да каже -Да,такви се вистинските приказни,ама за жал со лош крај.

    И сега незнам на каков крај помислив,бидејќи тој крај јас го доживеав само физички.Знаеш,кога едната половина од срцето си оди,а другата останува да чука,ама да чука тивко,без никој да ја слушне,колку да може да преживее и душата.

    Знаеш,понекогаш не треба да се каже ништо,доволен е еден поглед,ама истиот,како на самиот почеток..
    Тогаш дознаваш дека тие очи се истите,тој поглед е истиот,тој глас не е променет, ама времето, е тоа поминало. Годините останаа таму,а сеќавањата овде,сега и секогаш,барем додека дишеме.

    Ако некогаш сум плачела на филмови и прочитани романи каде што се опишуваат големите љубовни патувања,денес осеќам привилегија дека и јас имав едно такво,само што моето заврши одамна.
    Ама заврши оставајќи во мене рана,рана која што и ден денес ја носам.
    Знаете дека денес ласерски се отстрануваат раните,но на секоја промена на времето се чувствуваат и болат.
    Таквите рани луѓето не ги гледаат,бидејќи се скриени,и мислат дека никогаш никој не ви ги направил.

    Толку години мислев дека мојата рана ја направи ти.Толку силно ја врежа во мене што никогаш не ми ја отстранија,само ја сокривав.
    Сега видов дека истата таа рана ја имаш и ти,и тоа на истото место како и јас.Само што тебе сеуште нема кој да ти ја отстрани.

    Додека го пишувам ова,размислувам колку ли само луѓе ја делат истава приказна со мене.Колку ли само луѓе дишат а не живеат....

    Верувајте,вистинската љубов постои,само треба да ја доживеете,и трае,трае колку цела вечност,додека живееме.
    Само ваквите приказни како јас ги немаат почувстувано многу луѓе,ама и не треба,бидејќи мојата нема среќен крај,уствари мојата нема никаков крај.

    Крај е кога и двете половини од двете срца,кои некогаш беа цели,ќе престанат да чукаат.Чие срце ќе престане прво да чука конечно ќе одмори,се додека не му се придружи другата половина,за да чукаат пак како едно цело.

    А нашите? Нашите половини што сега ги носиме во нас ќе се пронајдат пак,во вечноста.
    Кога од овде ќе исчезнеме како прашина,ќе се пронајдеме таму каде што нема лузни,и пак ќе бидеме истите.

    До вечноста,до последниот здив..
     
    На 6th sense, senjorita-v, Hellobeautiful и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Amoricka

    Amoricka Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2021
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Bi mu kazala deka i poslen 4 meseci pominati od koga mu priznav deka mi se dopaga i koga on mi kaza deka ima dr planovi vo zivotot jas i ponataka go sakam i sekoj den mislam na nego i se nadevam deka ke bide nesto od nas ama nemu mu e gajle si uziva on u zivotot u qatar...
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Најубавото нешто :l::l:.
    FB_IMG_1644914642750.jpg
     
    На senjorita-v, Ugly Duckling, Wh@tev3r и 2 други им се допаѓа ова.