Како да водам војна ЗА тебе кога ти стоиш во противници!? Може научи да живееш без мене и секако, изборот е твој. Ама едно сакам да знам. Дали исто ќе ти е лесно како СЕГА, кога би знаел дека не те сакам повеќе!? Зошто потсвесно се тешиш со мојата љубов, знам. Дали ќе пукнеш тек тогаш кога ќе ја изгубиш и неа? Некои работи идат once in a lifetime. Еве ќе ти олеснам. Не мора никој да е среќен.
Памтам на почетокот на врската кога ми викаше дека не заслужуваш девојка како мене, не си бил мое ниво. Е мме у право си бил, требало да те послушам уше тогаш .
Гледав клипчиња што сум ти праќала, и разбрав дека сум хепи. Кринџ сум, ама хепи сум, ме разгалуваш, убаво ми е. Ти благодарам. Едвај чекам да те гушнам.
Собрав храброст и ти го кажав она што требаше. Ајде сега баш да видам ти што ќе направиш, јас ќе се тргнам настрана. Да видам дали навистина барем нешто ти значам или си од оние кои што само си се забавуваат од досада.
Една од најголемите желби за во иднина ми е ова. Секое утро да пиеме заедно кафе во нашиот дом и да уживаме во некоја ваква прекрасна глетка. Тоа би било рај.
Пишам, бришам, дури ни тука не можам да ти кажам, ете то. После толку време заедно не морам да ти објаснувам. Ќе спијам сега, шипинки.
После долго време осетив пеперутки заради тебе и едвај чекам да те видам. Те молам немој да ме изиграш, те молам да успееме.
Смотле едно мило ми е бар што си призна дека ти требаше да ме побараш но нема везе некад и ние женските треба да направиме прв чекор. А нели ти кажав дека ќе вреди доколку ние двајца се запознаеме? Сега самиот ти тоа на мене ми го потврди и баш ми е мило. Бидејќи знаев дека меѓу нас има хемија, силна страст и емоции. Имавме преубав дејт и преубава вечер Ти благодарам за се и што не ме оставаш сама и што сега сме веќе се гледаме. Ме спаси од самотијата и не само тоа се осеќам исполнето и сакано Само да знаеш дека си ми бил голема желба а гледам дека и јас на тебе Љубовче мое Сметам дека ти си тој, еден и единствен и дека си припаѓаме еден на друг, потполно си одговараме. Жално ќе беше доколку не се смиревме и не се запознаевме. И уште нешто... Утрово си отиде а веќе пак ми фалиш Едвај чекам пак да те видам
Lele mnogu ubav tekst znaes na momenti me poteseka na mojata sostojba samo sto on nema nikogas da mi pise deka mi pisa dobro bilo sto gi priznavam custvata i emocite ama on imal drugi planovi vo zivotot jas sum bila ubava i pametna siguren bil deka ke sum nasla nekoj podobar od zivotot od nego hmmm
Jas bi mu kazala deka odavna taka nikoj ne razbudil cuvstva kaj mene i deka eve veke skoro 5 meseci ne sme se videle on e daleku jas sum tuka ama uste imam peperutki koga ke ti se setam i neznam zosto ama imam nadez deka ke bide nesto od nas koga ke se vratis u mkd mozebi.. jos si uvijek moja zelja ono da mi je kad me pitaju sta ti je bolis i ne prolazis.....
Само 2 недели поминаа од последниот "контакт" со тебе а животот веќе ми изгледа се подобро и подобро. Мислев дека никогаш нема да дојдам до овој степен а сепак толку брзо го достигнав. Те заборавив. Секако не целосно затоа што сепак пишувам за тебе ама, ги заборавив оние работи ради кои срцето ми се корнеше не многу одамна. Заборавив како е да те имам во животот. И не ми фали тоа чувство. Го заборавив твојот мирис, оној кој се колнев дека засекогаш ќе го мирисам. Оној за кој ти викав дека засекогаш ќе ми фали откако ти раскинав. Бакнежи и гушкања како да не постоеле. Немаат никаква вредност за мене. Сите оние искачања и убави моменти како низ магла ми се. Како да не си бил ти. Не знам, чудно е. Сакав да ти пишам пред недела дена, да те прашам како си онака човечки. Ама па ти требаше да го направиш тој чекор. Знаеше што ми следи дента по прекинувањето. Еден од побитните денови на факултет. Ако ме читаш, го положив предметот. Не дека ти е гајле воопшто ама, среќата кога ги видов резултатите како да допринесе уште побрзо да те заборавам. Бидејќи никогаш не ти беше гајле за моите резултати. Како и да е, чудно е за 2 недели да го заборавам "вистинскиот", нели? Мислев ќе болиш засекогаш. Ама ти не си бил ни блиску до вистинскиот. Јас сакав да бидеш. Не си ти посебен, ништо поразличен од сите други. Јас сакав да бидеш и те направив да ми бидеш. Сето тоа било една голема лага и илузија и не знам зашто толку долго се гледавме во очи и се лажевме меѓусебе дека ова е тоа. Ова беше само една голема глупост. Сепак, факт е дека бев предобра за и со тебе. Не ти посакувам ништо. Неутрална сум према тебе.
Се молам да има од рачката и да можеш да дојдеш. Сакам гушкам веќе па. Замисли доаѓаш без да знам ми викаш "искочи кажи дома до продавница ќе идеш". И ја целата срцето 200на300 ми чука. Ти целиот пресекси, ја со пунџата растурена у тренерки никаква а ти отвараш уста и викаш "преубава си".