Треба да се донесе една многу важна одлука за двајцата. Но никако да се разбери работава сериозно. Кај и даа и времево ќе почне да не гази... Кога би можел друг да одлучи ах колку би ми олеснило на душата...
Едвај чекам утре да дојде, да си поминам време со тебе. Уште да ни се погоди и времево вака убаво за шетање.
Март беше наш месец, и онака ми текна на тебе, иако ти не верувам дека се сеќаваш колку проклето многу овој месец беше наш, овој и октомври, сега ионака имаш со кого да си паметиш нови датуми. Велат дека историјата се повторува, ама нашата никогаш нема да се повтори, верувај, сега да можев да го вратам времето, не би почнала ништо со тебе и не би те сакала воопшто... ама ете, постојат некои датуми, месеци, кои сакаш или не сакаш, ќе те навратат на минатото
Кој знае дали ти фалам, дали си помислил на мене барем на кратко. Иако не верувам, за жал се повеќе ми се потврдува она кое што мислев дека е. Ама тоа е што е, се потрудив колку што можев, јас не губам.
Ништо ново. Сакам ова да заврши. Доста е, стварно е доста. Да се опоравам од се околу мене, и време е да застанам на свои нозе.
Вечерите пред легнување не ми биле исполнети ако не се слушневме и не муабетевме со саати пред да спиеме. Откако раскинавме, ниту една вечер не ми е исполнета, немам на кого да му раскажувам за денот шо поминал. Толку многу ми фалиш, месец дена поминаа откако се разделивме и уште ме болиш како првиот ден.
Ja nemogu da se pomirim sa tijem da nista nije bilo od nas a moglo je...vec je proslo nekolko meseca od kad te nisam videla ali ja te jos uvijek cekam i u mene i dalje postoi nada da ces mi bar ponekad pisat i pitam se dal ponekad bar na tren pomislis na mene kazu dalje od ociju dalje od srca al nije to tacno samo zelim da znas da te jos uvijek cekam ..posveceno..inace ova na status ke go stavam on sigurno ke go vidi i nema da mi odgovori nisto..
Имам денови кога премногу мислам на тебе. Има периоди кои секогаш ме потсетуваат на тебе. И после толку години. Сигурна сум дека така ќе биде секогаш. Сега се што носи животот, успеси и неуспеси, и среќни и лоши моменти, делам со друг. И знаеш, среќна сум. Само, понекогаш се прашувам како би било ти да си на негово место. Понекогаш се прашувам дали и тебе ти се случува истото. Дали некогаш ме мислиш? Се прашуваш ли каде сум и дали сум среќна? Можеби кратко траевме, и да, не успеавме. Сега е доцна за прашањата што ако..? ама, секогаш ќе бидеш таму некаде, во некој скриен дел од моето срце.
Знаеш како ми делуваат твоите бакнежи? Не е дрога, нешто поопојно е. Може ли да се бакнуваме до 90 години?
Заљубена сум како луда. Времето поминато заедно ми поминува за секунда, а саатите кога те чекам не се доседуваат..Зарем не сфаќаш колку многу ми значиш и колку сум заљубена? Зошто како упорно да сакаш да докажеш дека ништо од ова не ти е важно? Зошто со сила ме тераш да створам ѕид меѓу нас? Свесен си дека нема да има назад нели? Премногу време е поминато.. Сите тие ситни грешки и немањето идеја за иднина со мене многу скапо ќе те чини. И знам дека знаеш.
Не мислев дека олку убаво ќе си поминеме, се чувствував како да те знам цел живот. Се надевам ќе продолжиме вака, искрено би сакала ова нашето да се развие во нешто повеќе. Едвај чекам и превозбудена сум за она што следува
Би ти кажала, дека ништо не ми значи што не добив денес подарок од тебе.Тоа е затоа што всушност кога и да посакам си купувам подарок на себе,без од твоја страна да ми биде нешто приговорено. За мене најголем подарок е што децата ни раснат во здрава средина,што се слободни да го кажат своето мислење,што не им гледам страв во очите кога ќе те видат,она што мене секогаш ми фалеше. Не ,не викам дека си совршен,не сум ни јас совршена, но бракот нели на тоа се темели ,на компромис и отстапки. Не си совршен, но доволно си посебен што допринесуваш нашата дома да ми биде, најубавото,најтоплото место,како мене така и на нашите деца.
Душо, најмил мој, прости ми за ова што го одлучив денес.Свесна сум каков почеток имавме и какви ни беа плановите за иднината, свесна сум и за тоа колку многу се трудеше оваа година околу мене.Сепак некако се изгуби тоа нешто во мене. Во право си дека јас сум виновна за се си признавам.Засекогаш ќе го паметам моментот кога пред некој ден се дотерав за тебе и ти ми кажа: "во моите очи си најубаваа срце мое".Сакам да го паметиш мојот лик од таа вечер и секогаш да се сеќаваш на мене со насмевка.Жал ми е за се, но и мило ми е што баш ти беше мојот дечко.