И од кога поминаа неколку години од завршување на нашиот брак, БИ можела да те прашам: Дали вредеше ..... за да се уништи еден брак?
Зошто за се морам да чекам на тебе? Зошто уште чекаме? Што чекаме? По твое е, се е по твое. Знаеш да ме наречеш себична, може и треба да бидам... Ако, терај си по свое, само внимавај...
Се може да се уништи. ама спомените никому на никој не може да му ги земе. Ниту чуствата. Ниту моментот како си се осеќал во одреден миг. Тоа останува засекогаш.
Те сакам повеќе од се на светов. Ти си ми се ,кога ќе ја видам твојата насмевка се топам и твоите прекрасни очи , тие очи мене ми значат свет
Враќај се. Појави се. Не ми беше доволно она пред недела дена. Не ми искачаш од мисли. Само за тебе би попуштила. Не заслужуваш ама слаба точка си ми. Од секогаш и засекогаш.
Ми го распарчи срцето на илјада парчиња и си отиде. Не ја обвинувам таа кај која што отиде и која знаејќи дека си во врска со мене прифатила да е со тебе. Туку тебе, размазено детиште на мама и тато, навикнат да се ти е како некоја играчка во животот, ти здосадив па друга играчка си бараше. Изгуби ми се, камоли да можев никогаш повеќе да не те видам, а не вака да си ми често пред очи.
Не само 400 туку 400 000 км би поминала со тебе како што и досега поминавме сито и решето. Понекогаш им завидувам на оние кои живеат камперски, едно комбе и цел живот спакуван во него. И вози Мишко Јас, ти и кучево и светов мал би ни бил за шетање. Можда во некој нареден живот… Во овој ќе крадеме моменти и ќе ги живееме до максимум.