Ми фали твојата коса, ми фали твојата насмевка, ми фали како ти треба време да смислиш што да кажеш, ми фали твоето присуство. Не можам да ги поднесам солзите кои ми навираат кога поминувам покрај местата на кои бевме заедно. Не можам да поднесам ништо што се случи. Би дала се што имам за еден час со тебе.
Само кога ќе ги видам тие твои прекрасни очи ме обзема чувство на љубов и многу повеќе тоа чувство не можам да го опишам
Да, само случајно бев така облечена, и воопшто не планирав како ќе ја завршиме вечерта. Сѐ беше препуштено на коинциденција.
Ова личи на мене Место да му напишам два-три слатки збора, јас му пишав да цркне. Не дека е за фалење моево, али ми здосади од човекот. Кога те сака некој не ваља, кога не те сака пак не ваља, тоа ти е..
Почнав многу да те мислам и тоа (не) ми се допаѓа. Ти таму, јас тука а имам голема желба да те гушнам, сега.
Абе не знам што глумам лудило демек не ти отварам стори а ти ќе приметиш дека ме нема, а тоа 1000 луѓе те следат . Ај, можда ќе се сретнеме пак на некоја глупа журка и ќе јадеме трици за истата .
Те ставам на дистанца, моментално имам други планови, а ти не смееш да ме премислуваш. Ама убаво ми е со тебе, ќе видиме што ќе се случува.
Се чудам дека поминале толку години како сме заедно, ти дадов шанса да ме освоиш од причина што беше различен споредбено со дригите кои се врткаа околу мене. Ти беше посебен, но можеби посебен додека бев недопирлива... Можеби таква и требаше да останам. Не не сум јас лесна па да можеш со мене секако, и јас сум на моменти терсене ама ова твоето не го бива, не го можам повеќе.... Уште полошо, е што почнува да ми е сеедно а се плашам од тоа.... Верувај многу работи сум преќутела, сум подголтнала и можам уште ама ова што веќе не ми е важно како е, како било и како ќе биде ме плаши... Имам само еден страв, стравот си спие кротко до мене... На момемти не можам да те гледам, на моменти си цел мој свет... Ама чувствувам дека функционираме само како да сме си обврска еден на друг. Твојата работа ме уби, мислев можам да поднесам се, ама ова твоето ги чомина сите граници! Па не ми е јасно како тоа милион луѓе кои се небитни за мене ми посветуваат повеќе внимание од тебе... Работава беше да не ти намислам нешто, ама изгледа веќе тоа е на ред сруво немам што да мислам. Знам како е да си на врвот ама знам како е и да си на дното, мислам дека и двајцата сме на дното... Жално што трпи некој невин....
Ако сакаме да успееме, потребен ни е барем еден човек кој ќе верува во нас повеќе отколку што ние веруваме во себе. И да застане позади нас и нашите дела. Некој ќе застане позади тебе како личност и човек со сите човечки предности и недостатоци. Човек, кој кога ќе паднеш, ќе ти покаже дека имаш причина зошто да станеш...Со ваквиот човек покрај себе ќе знаеш дека секој проблем има решение и секоја поставена цел може да биде постигната!!! Пред точно 10години сум ти го посветила оваа. Те сакам посилно секој нареден ден
Ми се враќаат муабети у глава. И мислам дека ме фаќа депресија. Пошто по цели денови се смеам а навечер ме фаќа криза по тебе и сум тажна. Незнам. Те сакам.
Еднаш многу одамна,пред околу 15години јас и ти ја имавме нашата прва ноќ под ова небо. Бевме деца,невини,слободни и оставивме да не водат нашите срца.Како времето одминуваше,ти стана мојот синоним за љубов.Ти беше мојата најголема љубов.Мојата верба и надеж дека еден ден ние двајца ќе дочекаме длабока старост заедно. Те сакав толку многу и толку болно,што за тебе бев подготвена да направам се.Кога велам се,мислам буквално се.Да убиеше човек.ќе ги измачкав рацете со крвта и ќе речев "Јас го направив тоа"! Но,Господ немал толку светли планови за нас двајцата.Ние поминавме се,од голема љубов,до погрдни зборови,од смеа до солзи,од љубов до омраза. Еден ден рековме дека е доста,дека повеќе не оди така.Рековме секој да продолжи по својот пат.И така и се случи,секој го одбра својот пат и продолжи со животот. Дали беше погрешен пат оној што избрав јас? Апсолутно да. Без тебе се што направив од тогаш до денес,еве до овој момент се е погрешно.Тоа не изгледа така,но нели луѓе сме и сите живееме со своите лузни и маски. Но,јас немав друго решение тогаш.Бев скршена,изморена.разболена од нас двајца.Немав излез и тогаш мислев дека ако постапам така ќе се спасам,и дека ќе започнам нов живот. И започнав.. Јас започнав нов живот без тебе. А што добив? - Заспивање и будење покрај личност која ме сака премногу. Реков ме сака нели? Не реков дека јас ја сакам таа личност. Ете,јас го направив тоа.И се лажев.Се лажев дека времето ќе направи да преболам и да се заљубам повторно.Како годините поминуваа сватив дека се излажав. Во животот јас сакав само еднаш,вистински и искрено.Во минатотот,денес и за цел живот. И не се каам,напротив,јас сум горда што сакам некого толку многу. Денес,иако знам дека е грев,јас барам од судбината,само уште еден ден или една ноќ за нас двајцата.Бидејќи ти имаш уште многу што да ми кажеш...Бидејќи не сме вечни,бидејќи незнаеме уште колку време имаме на овој свет... Нека сум најголем грешник,ама се гушам.. Само уште едена ноќ,за да не заспијам еден ден со отворени очи.
Веројатно очекуваше и овојпат јас да бидам таа што ќе се извини и јави прва иако ти си кривиот, ама не ти замерувам, така сум те навикнала... Само што нема ниту да се јавам, ниту да се извинам. Изморена сум од тоа да ги исправам и моите и твоите грешки.. Се си има свои граници, а ти мојата овојпат ја помина