Нанај мило мое. Нанај конечно малку продолжен викенд да одмориш душа и ти. Камо да бев до тебе да ми те милував, гушкав, галкав, па сонот да ти доаѓа уште посладок. Ќе биде, здравје боже. Ми се гушкаш неописливо, ќе биде и тоа. Само прашање е кога. Дали ова утро што доаѓа или тоа после него, или пак некое наредно. Само никогаш не би си простила ако не оздравам и не ми те видам, ако не ги видам тие преубави очи. Ама искрена да бидам, незнам што би јас без тебе. Нека ми те чува бог од секое зло, реков и утрово кога бев таму. Нанај мило мое, нани ми нани.
Кога ќе ми текне сега дека сите што не познаваа велеа дека ако ние некогаш раскинеме, сите ќе раскинат.. Е таква врска сме имале... И ти одлучи да ја доведеш до пропаст...
Многу ме воодушеви со тоа што ми рече дека кога сум со тебе не треба да се плашам од ништо. Ќе пробам стравот да го победам. Сакам да успееме
Толку си изгубен, а пак на крај ќе испадне ко што мислам, ќе видиш На моменти ми иде да ти ја шљакнам една по тил ама знам дека ќе е за џабе
Вечерва ќе си замислам една желба само. Другата година, за овој празник.. да сме таму каде што си ти, заедно, еден до друг, наместо во пораки на инста...
Колку ќе беше поубаво да живееше тука како што си планиравме на почетокот. Ама нема врска тука си, во градиве мои, во срцево и душава, сместен на посебно место. И се додека сме си во срцата не сме далеку. Нешто ми кажува дека ќе ми те видам деновиве, хих . Пресреќна сум за нарачката што ја направи денес. Некако овие 10 месеци со тебе ми беа како во бајка. Ти благодарам за сѐ што правиш за мене да бидам среќна. Само ти ме разбираш кога ни самата себе не се разбирам, само ти ме поднесуваш кога самата себе не се поднесувам, кога се борам со некои внатрешни гласови. Пред тебе јас можам да бидам јас, без преправање. Секогаш си тука за мене да ме утешиш, смириш. Ти благодарам за сѐ. Пред сѐ ти си ми најдобриот другар, па после тоа и љубов. И не постои поголема брзина од таа да ме смириш додека драматизирам за брезврска. Сѐ што правиш за мене да се осетам битна, сакана, среќна е доказ дека си Посебен. Да ми кажуваше некој дека ќе те запознаам тебе, дека ќе ме сакаш повеќе од некои што се 48/7 заедно ќе му се изнасмеев. Знаеш што? Те сакам. Извини што некогаш сум нервозна, безобразна и незнам да ти покажам љубов. Ама што да правам? Ти кога ми фалиш јас ти се скарувам. Те сакам до Месечината и назад цик цак пешки. Чувај ми се.
Толку беспомошно се чувствувам и сакам барем дел од болката да ти ја превземам. Не заслужуваш ни дел од нештата кои си ги доживеал и патам што не можеш да уживаш во тоа што го создаваме заради мизерната судбина. Знам дека пробуваш мене да ми докажеш дека си силен ама знам дека не можеш да се помириш, знам дека те боли. И нормално е. Сакам да верувам во чуда ама знам и до кај се границите на медицината. Сакам никогаш повеќе да не минуваш низ ова, ова да е последно збогум. Знам дека дел од тебе никогаш нема да е цел и сета љубов на светот да ти ја пружам.
Од мажи кои треба да ги сретнеме во животот, Бог треба да не чува само од таквите како тебе, што прават се за една жена да се чуство не вредно, не доволно, не комплетно, мало, ситно и не. битно...
Понекогаш сакам воопшто да не ти се појавев во животот, затоа што имам чувство дека ти го уништувам, дека правам многу помалку од тоа што заслужуваш, дека не те сакам колку што заслужува, дека понекогаш и те растажувам. Си мислам може ќе беше посреќна со други, не требаше да ти дадам шанса, требаше да останеме само пријатели. Од друга страна да не ти се појавев, да не ти станев битен во животот или ќе се самоубиеше бидејќи тогаш беше во многу тешка ситуација или ќе влезеше во некоја токсична врска. Те сакам премногу и знам и видов колку многу ти мене ме сакаш, дека несакаш да ме изгубиш што и да случи. Ти благодарам за се што правиш за мене.
Мислев дека никогаш во живот нема да сакам да ме викаат малечка, а кога ти ме нарече така, сфатив дека сакам да ме викаш така засекогаш Неописливо те сакам
Запамти коа последен пат си ме видел, слушнал и допрел. Задњо ти беше. Уопште неам сила да ти се објаснувам, ова болниве игри слободно продолжи ги на друга страна. Више не ми е ни забавно. Адиос
Тука ќе го запишам твоето прво те сакам.... И искрено сакам да ти кажам дека можам без тебе како што можам без секој, освен без син ми. Ама ми значиш. Стварно ми значиш..