Како те најдов јас тебе?? Поточно ти мене ме најде. Од првиот момент кога се сретнавме не ја симнав насмевката од лице, а вообичаено сум прав намќор. За сите овие години што бев сингл, ти си ми како награда, ти си тој што го чекав во животот, личност како тебе. Сакам нашево да трае, а и верувам дека ќе трае и те засакав многу, само не ти кажувам додека не кажеш ти прво .
Одамна сакав да пишам тука нешто за тебе. Ама секој ден е различна приказна кога станува збор за чувствата према тебе. Тоа што ќе го пишам денес, веројатно нема да важи утре, па затоа и си одложував. Некои денови можам со една реченица да пројдам во темава. Некои денови како сега ни огромно рефератиште не ме спасува. Некои денови се заблагодарувам на универзумот што на таков начин ги нареди коцките и раскинавме. Некои денови како сега, додека вечерам и ја гледам онаа серијана што заедно требаше да ја гледаме, посакувам да си само до мене. Ти ми беше мојата втора половина. Кога те изгубив, изгубив и пола дел од себе. Ги изгубив сите оние фори, навики, смеења до солзи, "плашења", разговори, прошетки. Ти ги правеше тие некои работи посебни. Иако имам луѓе што ми се поблиски од тебе, едноставно не е тоа тоа со нив. Со тебе се поврзав на начин каков што од секогаш посакував. А за жал и од секогаш знаев дека нема да успееме. Дури и форумов ми е сведок. Толку слични ама во клучните работи толку различни. Затоа и завршивме. Кога искачам, не ги одбегнувам нашите места. Напротив, некогаш и намерно одам таму. Некогаш не ја земам толку околината во предвид и не ми текнува на тебе. Ама ако се фокусирам, ми текнуваат и најситните детали од моментите поминати со тебе на тие места. Се враќам целосно во тие моменти и не' гледам нас, навидум среќно заљубени. Те гледам тебе како ме држиш за лице и ме гледаш во очи дур ме лажеш и ми кажуваш дека ме сакаш. Не знам на кого му било полошо, тебе што си морал да глумиш од некоја причина или пак на мене што толку слепо ти верував? До пред некое време дури, сакав да се смириме. Им викав "ако има доволно добро објаснување за се што се случи, ќе му простам". Сега веќе не. Повеќе не те посакувам во животов иако не можам да кажам дека те имам преболено. Или поточно, ги немам преболено сите ветувања што не ги исполни. Сите планови за нашата иднина што ги уништи. Сите лаги што ги кажа. Не сакам да знам ништо за тебе. Ни дали имаш нова, ни дали ти фалам. Дали ти е подобро или полошо во животот. Дали ме мислиш или не. Дали си сакал да ми пишеш или не. Бидејќи секоја од овие опции подеднакво ќе боли. Барем за сега така се чувствувам. Не би рекла дека уште те сакам. На некој начин, опседната сум со болката. Бидејќи само така уште можам да те "имам".
Ти си еден посебен човек, бекрајно ми е мило што ме одбра да бидам дел од твојот живот. Никогаш не е досадно! Те сакам, биди најсреќен!
Не си свесен само колку сакам да ти кажам се што мислам, се што пишувам некаде на страна, ама не можам затоа што се изморив веќе. Се изморив да покренувам секаква иницијатива, се изморив да те сакам, се изморив да мислам на тебе и на тие соништа што можевме да ги направиме реалност. Направив драстична промена за тебе. Веќе не сум истата будала која безусловно те сакаше и сонуваше да бидете среќни заедно. Тотално се оладив од тебе, ја убив таа љубов која ја имав спрема тебе. А знаеш зошто? Затоа што не знаеш да ме цениш. Затоа што не знаеш да процениш кој вистински те сака. Затоа што при очи се правиш слеп и при уши глув. Ете затоа.
Мир. Мирна сум со мојата одлука. Знам дека од моја страна, го дадов најдоброто за нас и кога и после тоа не успеа, стварно не иде. Има лутина во мене која се обидува да пробие на површината и да ме направи бесна, ама се смирувам. Лутина што знам дека имаш потенцијал, ама не се возвиши до него. Знам дека знаеше што треба да правиш за да се осеќам сакано и секој пат свесно избираше да не го правиш тоа. Си признавам дека не е фер. Си изговарам во себе што сакам и буквално лута сум што не си онаков каков што јас те замислував во глава. Тоа не е возможно, не е фер. Сакам пак да се скараме и да ти набројам по ред зошто не те бива за врска. Ама кој бенефит е тоа? Знам дека ќе те повреди. Ама што со тоа? Нема да те сменам. Месец дена да се караме за истото, пак нема да те сменам. Јас сум личност што верува во љубов која е лесна, која тече, која нема отпор. Верувам во чуда, верувам дека ќе си ја најдам личноста што ќe ме исполни комплетно... Ама... осеќам некаква лојалност спрема тебе. Ти ги знам нежните страни, знам дека имаш љубов спрема мене и еден дел од мене сака да остане и да ти носи среќа во деновите. Имам премногу почит спрема себе за да го направам тоа. Ама не сакам на никој друг да му кажам како ми поминал денот освен на тебе. Тука е проблемот. Премногу љубов и потенцијал. Ама тоа е. Со љубов.
Се мразам себеси што пак пишувам тука. Деновиве те чувствувам насекаде. Спратот пак мирисаше на тебе а мирисот го имам тргнато уште кога раскинавме. Знаеш, понекогаш се прашувам дали ти текнува на моментот кога стоевме на терасата за Нова година? Кога си посакавме да дочекаме уште 100 години заедно? А не издржавме ни уште 2 недели. Се надевам дека оваа болка ќе вреди понатака. Се надевам дека ова е вистинскиот избор за двајцата. Дека ќе научиме и ќе бидеме среќни во иднина, секако не заедно. Никогаш не би можела да ти простам за сите солзи и непроспиени ноќи.
Чекам да ме израдуваш дека се прошло убаво. Те мислам цело сабајле како ќе поминеш, ајде можеш ти, верувам во тебе.
Многу е лошо јас што и да одлучам ќе погрешам. Имавме големо недоразбирање кое ќе го уништеше нашиот брак но за среќа беше само недоразбирање. Извини што те обвинив без да те ислушам и без да размислам подобро , само сум исплашена не сакам да бидам повредена. Мораш да ме сфатиш јас тука немам никој освен тебе.
Знаеш, пак сум на чекор од... промена. Малку изгубена на раскрсница. Мислам и премислувам. За истите нешта генерално. Разликата е во тоа што сега можам да ризикувам и да пробувам опции. Мислам дека можам. И запирам на точката со најголема блокада. Ја заобиколувам и трчам накај следната, оставјќи ја ТАА зад мене да стои (и прогонува), или пробувам да ја прескокнам. Кечот е, не знам дали можам т.е. се омневам во тоа, Па дали ќе успеам, или ќе изгубам време ако пробам.... не знам. Но времето за мене веќе е големи пари. А толку добро ми одеше... Навистина фалиш за разговор.