Ми ја грееш душава кога се смееш, кога ќе ми кажеш дека се чувствуваш спокојно и убаво, кога си дозволуваш да те понесат чувствата без да се плашиш на што ќе наидеш. Пред неколку години да ми кажеше некој дека ќе запознаам некој како тебе и дека олку ќе ме исполнуваш, немаше да му верувам. Немаше да верувам ни дека некогаш ќе дочекам некој да ме цени така и дека толку многу ќе ми значи нечија среќа. Знам дека стварно ми значиш и те сакам кога твојата среќа е и моја
Само шо се разделивме, а ти одма ми недостигаш и тоа премногу. Секој ден поминат со тебе е посебен И сакам пак така како некни Многу ми се бендиса, ептен
Горда сум. Премногу сум ти горда на секој твој успех мило мое, и општо на сѐ што правиш со тие твои вешти рачиња. И среќна сум што ми призна дека те правам среќен. А јас речиси ништо не правам за да се осетиш така. Те обожавам.
Те сонував А одамна не сум те помислила, ми го исцрпи секој атом од телото, и со тешки сили престанав да те мислам, па од кај ми дојде сега на сон, не знам Се сретнавме и двајцата забрзани, ти повеќе, како и во реалноста, те прашав дали си среќен, рече да, и забрзано замина, не ме праша ништо, ти реков и јас сум среќна, фала, иако не праша, ми одговори нешто саркастично во твој стил и замина
Фала ти што ми ги исполнуваш ситеее желби. Скоро никогаш немам слушнато НЕ од тебе. Па како да не те обожавам кога така ме чуваш? Фала му на господ за тебе, за нашиве златни деца. Живот сте ми
Незнам што се случи денес ама преубав ден беше ти благодарам. Дури кога одев по улица мислев на тебе и се смеев. Ти благодарам за уште еден преубав ден.
После долго време пак ми дојде на сон. И дури и во сон пак нозете ми се пресекоа. Срцето ми чукаше забрзано. А многу време помина, мислев готово е. Но не, некои работи не поминуваат. Едноставно го прифаќаш тоа што е, и продолжуваш.
Се ми е испомешано... Верував дека нема да те видам никогаш и да те видам мислев дека тоа ке биде од далеку а не како вчера само од еднаш да се појавиш пред мене... Ме збуни скроз, заборавив на себе...
Тишина, срцето мало во креветче, јас и ти гушнати, разговараме шепкајќи да не го разбудиме и се кикотиме како деца. Искрено многу ми фалеше ова... Немаш претстава колку многу те сакам и од ден на ден се повеќе и повеќе се заљубувам во тебе.
Само шо замина, а веќе неизмерно ми недостигаш. Олку разделени не сме биле никогаш, цели 9 години сме нон стоп заедно, сега ова ми дојде ко шок и не можам да престанам да плачам. Уште потажна сум шо ти ќе бидиш скроз сам таму, ај јас барем не сум сама, со децава ќе имам занимација. Морам заради нив да сум посилна, ти ветив дека ќе бидам, ќе издржиме, одма ќе поминат, си се тешам. А тек пак ко ќе се сетам дека ти велев 3 месеци да одиш сега сфаќам колку сум била смотана, јас 3 недели не можам без тебе, не пак 3 месеци. Те сакаме најпренајмногу и едвај чекаме да ни се вратиш.
Си ветував дека овој пат ќе се однесувам поразлично. Месеци уназад ментално ја вежбав нашата средба. И пак заебав работа. Пак се испонашав грдо. Те пуштам. Немам сили веќе.
Не можам да ти опишам колку сум среќна со тебе, не можам да замислам како сум издржала 5 години во изминатава врска, толку ли сум била слепа.. Ама Господ те испрати во вистински момент во мојот живот а и јас во твојот. Тоа ми го кажа. Колку ли само ме чуваш, внимаваш на мене, внимаваш на сите детали, а начинот на кој ме гледаш пак, охх Боже, толку љубов имаш во тебе за мене, и слеп би прогледал мислам. Си мислам како може да постојат уште вакви луѓе на планетава како тебе љубов.. Многу ти благодарам за се, те сакам неопишливо најмногу, со сето срце и душа!!