Ни се ближи мн. битен датум, знам дека тој ден ќе помине прекрасно и во најдобар ред, одвај чекам само да дојде
Многу сум промента. На подобро. Мислам дека оваа верзија би ја сакал повеќе во опкружување. Не ми фалиш. Не мислам често на тебе. Една година покасно.... Уел, хел јеа. Нови личности и нови работи чекаат на мене.
Си замислувам како е да сум повторно во твоја прегратка и споменот ми дава чувство на идење дома. Ќе беше ли врска ако цело време само седевме гушнати и ќутевме? Мислам дека тоа е единствената верзија од нас која ќе успееше. Не можам да престанам да мислам на тебе како некој што секогаш ќе ми е дома, нешто познато кое ќе биде исто кога ќе се вратам. А тоа е глупо, затоа што ни моите чувства не се исти. Заплеткана сум во спомени на најдоброто од нас. Но, не заборавам зошто се само спомени.
Се надевам дека се ќе помине во ред. И кај мене и кај тебе. Надежта е глупа ствар, ама некогаш е изборот : надеж /апатија. Ти завидувам.
Знам дека не сум за трпење периодов и сама не се сакам, ама не знам како да си помогнам . А ти си премногу трпелив со мене, ти си едно големо . Само да помине напнатиов период, после ќе уживаме, ќе ти надокнадам за се .
Знаеш што, сум пораснала во зрела и стабилна девојка, самостојна и со достигнувања зад себе. А ти…ти уште живееш во недоумница,во исто место и исти луѓе,тонеш во своите неуспеси и други ти се виновни за тоа. Кога некој ти подава рака ти од страв ја плукаш. Штета….
Толку многу нешта сакам да ти кажам... Ама мислите ми се испрекинати, чувствата измешани... Зошто уште не можеме да мрднеме некаде? Ниту на подобро, ниту на полошо. Ми се мачи, ми се превртуваат цревата од исчекување и од тапкање во место. Сакам да знам на што сме. Макар и да е крај, навистина крај, засекогаш, полесно ќе ми е кога ќе знам дека нема надеж. ... Од друга страна, пак, ми велат дека уште ми светкале очите кога ќе те видам. Изгледа ти си единствен што не разбира што значи тоа... ... Не можам да заборавам. Секоја една прегратка, секој еден бакнеж ми е врежан во коска... ... Сѐ ме боли... А знам дека и тебе... А мина толку многу време... Ќе биде ли некогаш подобро?
Кога сум со тебе не се плашам. Знам дека ќе успееме. Можеби следниве години нема да видиме одмор, нема да се луксузираме, но со наш труд и пот ќе си го платиме станбениот кредит. Ќе си го основаме нашиот дом. Со тебе секаде ми е дом, но колку ќе биде убаво што сега веќе ќе имаме конечно нешто наше и со доказ на парче хартија. Повеќе нема да плаќаме кирии и да вложуваме во нешто туѓо. Од 0 ќе направиме нешто. Се гордеам што ти ќе ми бидеш сопруг. Најпрекрасниот човек на свет си.
Едвај чекам во понеделник да прославиме за убавите работи што се случија. Годинава е дефинитивно твоја. Многу се радувам за тебе.
Вечерва беше посебно убава, ме наврати на времињата кога за првпат бевме во оваа земја, тогаш можеби бевме дечишта, ама сепак совесни и вредни, сами заработувавме, со свои пари си го плативме и испланиравме целиот одмор. Ме потсети повторно колку е убаво чувството да отидеме да лудуваме длабоко во ноќта на добра журка, пијачки, музиче и да се измешаме во сета толпа луѓе од целиот свет и сепак покрај сите нив само нашите очите да ни се бараат. Мн. е убаво и ај зарем можам да не те сакам? Мн. нешта имаме и пак уште повеќе ќе имаме, најважно е што најбитното било, е и ќе опстои, љубовта, за се др. нема потреба да се грижиме.