1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Знам дека никогаш во животот нема да имам толку многу љубов кон друг од моментот кога ми недостигаше иако бев покрај тебе, секоја разделба ми беше тешка иако ќе се сретневме после некои си 15 часа, заспивав мирно покрај тебе, се чувствував безбедно.

    Ако еден ден сето ова заврши, нема да ти бидам пријателка. Нема никогаш повеќе да ме видиш и да слушниш за мене. Ќе бидам далеку од тебе, иако ти ќе бидеш закопан во моето срце. Излишно е да се правам среќна да те гледам со друга, додека го правиш сето она што сме го правеле ние.

    Ако еден ден заврши нашето, никогаш во животот нема да се заљубам повторно во некој. Никогаш нема да го преболам човекот кој се смени од корен поради љубов, кој ме сака вистински и искрено, со кој за 5 минути се договараме за се. Една душа и ум, поделен во две тела. Не се преболува човек како тебе, не се забораваат спомените меѓу нас.

    И ако еден ден дојде крајот, да знаеш дека сите спомени ќе бидат спакувани во една таванска кутија, која ќе биде отворена после некои 30 години и ќе ги разбуди истите чувства и емоции.
     
    На samovila.red., Cecko85, Snowflake99 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Engi999

    Engi999 Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Babo kade e dedo?
    Ne znam otide nekade i ne se vrati!(dijagnoza skleroza)
    Da mozev da ti kazam ke se vrati od operacija...
    POIM ZA LJUBOV!
     
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Се што ми треба во моментов е твоја прегратка. :hug:
     
    На Stayy W, cresa-jagoda, minne992 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. penelope10

    penelope10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2021
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    1.221
    Пол:
    Женски
    Конечно ќе те видам, ненормално не можам без тебе.
     
    На Cecko85 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Kumanovkaa

    Kumanovkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2019
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.138
    Пол:
    Женски
    Зошто така ме гледаш секогаш?
    Зошто дозволуваш да се изгубам во сјајот на твоите очи?
    Хмм.. А зошто јас на себе си дозволувам?? |(
     
    На Cecko85, cresa-jagoda и carangigia им се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    :inlove::hug: Секогаш сум ваква кога гледам наши заеднички слики.
    FB_IMG_1657205078707.jpg
     
    На FridaodaMk, senjorita-v, nevermet18 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Boka98

    Boka98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2021
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    112
    Пол:
    Женски
    Me istrpi 6 godini od taa prokelta depresija i se so mi minese pred oci a ja ne gledav...fala..radi tebe se vrativ vo vistinskiot pat fala so me istrpi sega sum i ja i nje podobri
     
    На WildMk, anggell, Srckata28 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да те видам и да те прегрнам силно и долго. Да почувствувам мирис на пролет, свежо, бебе.:inlove:
     
    На Cecko85, Kumanovkaa, blackpanter и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.367
    Допаѓања:
    20.922
    Пол:
    Женски
    Под кожа ми се упика.
    Ти си скроз контра од "мојот тип" и тоа уште повеќе прави да ми се допаѓаш.
     
    На christinnn и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Maylin

    Maylin Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2019
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува колку повеќе немам но едно чувственце за тебе. Порано ми беше омилена нотификација, цел ден бев среќна откако ќе ми пишеше, а сега гледам во пораката и исто како да ми пишал некој тотално небитен 50 годишен индиец, не ме ни интересира да ја отворам.
    За прв пат во сите овие години не ти кренав кога ми звона. Секогаш сум скокала од радост и срцето ми биело пресилно од возбуда кога ќе ми звонеше, едвај чекав да ти кренам... А сега, не ме интересираш, не ти кренав, ни па ми е гајле. Ова е дефинитивно еден од најголемите успеси што сум ги достигнала во последно време. Умирав по тебе, човече, да можев и душата ќе ја дадев за тебе. Кога успеав тебе тотално да те избришам од животов, секој друг ќе можам.
    И чекај, допрва ќе звониш и ќе ме бараш. Никаде нема да најдеш друга будала која ќе ти го трпи тоа твое его и гордост и сите тие навреди и понижувања, а притоа да те сака повеќе и од животот. Среќно чекање во моите нотификации.
     
    На FridaodaMk, Wh@tev3r, Milobebence и 5 други им се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Ти викав дека ќе дојде до ова ама ти не ми веруваше, мислеше дека се е вечно. Ништо не е вечно, и покрај сите работи чувствата ми спласнаа. Не сакам да така, сакам да можам да ти возвратам ама сега се чувствувам исто како тебе на почетокот.
     
    На senjorita-v, Wh@tev3r, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Kumanovkaa

    Kumanovkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2019
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.138
    Пол:
    Женски
    Врати се.. Многу полесно ми е кога си тука :(
     
    На -црноока-, Maryland1087, Cecko85 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.700
    Пол:
    Женски
    Ме фаќа нервоза кога те нема и незнам што правиш.
     
    На Boka98, _Naumche_, Cecko85 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.014
    Допаѓања:
    41.313
    Пол:
    Женски
    Проклет идиоту, се врати во доста тежок период за мене и сега повторно од почеток, ќе си играме мачка и глувче? После толку долг период?
    Признавам, никогаш не ми беше сеедно за тебе, ама овојпат нема да си играме.
    Знам дека ти се допаѓам, гордоста не ти дава да признаеш ама јас сум уморна од игрите, јеботе .. Не сме деца мали.
    Шо е до мене би те гушкала пак ама не сега, и знам дека длабоко во душата уште има љубов во тебе, чувства иако глумиш тука не знам што, плачеш за убави моменти.
    Вредиш, би се борела за тебе, ама помогни ми.
     
    На buba4e89, Cecko85, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Kumanovkaa

    Kumanovkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2019
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.138
    Пол:
    Женски
    Преуморна сум да чекам да си го средиш животот, мислев дека проблемот можеме заедно да го решиме... Преуморна сум да те чекам...
    Добра ноќ, се надевам дека со спење ке се одморам и психички... :hug:
     
    На -црноока-, elimkd, Ugly Duckling и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.367
    Допаѓања:
    20.922
    Пол:
    Женски
    Она вчера ќе го сфатам како знак и поттик од универзумот :D.
    Стапувам во акција :devil:!
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.700
    Пол:
    Женски
    Те сакам пуничко.
    Благодарам што си секогаш тука за мене, што ме чуваш, што се грижиш за мене, што ми држиш среќа, што ме гураш напред, што си ми најголема поддршка, ме смируваш, ме охрабруваш.
    Ти благодарам што ме сакаш кога сама не се сакам.
    Некогаш си велам "боже, со што ли те заслужив".

    Ми вика "што и да одлучиш јас пак ќе бидам покрај тебе" и гледаш стварно си стоеше на зборот.
    Те сакам пуничко.
    Кога љубовта би се изразувала во проценти, број, количество, зборови, не би можело да се опише колку те сакам и среќна што те имам.

    Сакам гушкам.
    Дојди си.
    Ништо ми нема смисла без тебе. Ништо не е исто.
    Не си свесен колку многу сакам да те гушнам.
    Ми вика "све ќе ти донесам".
    Како да ти објаснам дека сакам само ти да ми се вратиш жив и здрав со една гооолема прегратка а уште поширока насмевка.
    Те сакам.
     
    На WildMk, _Naumche_, Maryland1087 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.014
    Допаѓања:
    41.313
    Пол:
    Женски
    Ние никогаш повеќе нема да бидеме заедно.
     
    На martine, Lavender4, Stayy W и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    На денови како овој, разговор со тебе ми фали...

    Возрасна сум, паметна. Треба да сум добро.

    Но не сум, и ми треба некој што е на иста страница за совет. Ти си единствениот таков што го познавам.

    IMG_20220712_150800.jpg
     
    На Lavender4, cresa-jagoda и carangigia им се допаѓа ова.
  20. Cupcakee31

    Cupcakee31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2021
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    197
    Пол:
    Женски
    Малку се подзамислив во врска со тебе, почна дури и да ми фалиш после се. Како да заборавив се што направи. Среќа прочитав што сум напишала тука во врска со тебе. Се сетив на се. Не враќај се.
     
    На Lavender4, cresa-jagoda и Cecko85 им се допаѓа ова.