Убав си, паметен си, згоден, талентиран…се правиш за мене и се е супер ама душава моја не се радува на тебе.
Продолжи вака и готови сме. Ти си знаеш. Ќе ставам крај па макар ми горела цела душа ако продолжиш со ова однесување.
Ова нека биде последен пост за тебе. Утрово ме удри реалноста дека можеби никогаш повеќе нема да добијам порака од тебе, да ти го слушнам гласот а и зошто би кога ги дознав тие работи за тебе, дека си имал паралелна врска со друга во исто време ко со мене. А види, вината ме изеде. Сеедно, ми се гадиш. Подобро сум, многу подобро. А тебе нека ти е на чест. Има кој да враќа. Збогум малечок. Јас искрено те сакав. И чувај се.
Ми купи еден број помал тренерки за да имам мотивација да ослабам ли тешок пат ме чека, ама ќе влезам во тренерките па што и да е
Не можам баш да те проценам. Сеедно. Те посакувам но знам дека е залудно. Јас и ти никогаш не би успеале. Сепак, фала ти што ми го врати "она" чувство. Мислев никогаш нема да ми зачука срцето за некој пак. Или барем не толку скоро. Ќе ми бидеш прекрасен спомен, пробале ние или не.
Ме слушна денеска по гласот дека не сум во ред, ама не можев да ти кажам зошто, не сакав да те малтретирам и тебе со моите проблеми, ти сфати дека не ми е дојдено до зборување, дека има нешто. Ама затоа си толку грижливо срце, уште двапати се јави пред спиење да провериш како сум. Те сакам многуу, иако не ти го кажувам често.
Дојди ако сакаш, ќе седиме заедно вечерва. Само не сум расположена и добро друштво денеска, те предупредив, сакам само да молчам и да те гушкам.