Мислев си ми заебанција и "фаза" ко сите оние симпатии шо ги имав овие неколку месеци. Знам дека никогаш не би ни започнале нешто а камо ли па да трае. Спротивни светови сме јас и ти, нешто што е незамисливо да се спои. Али не знаеш колку те посакувам. Немаш.појма.колку.многу.
Уморна сум многу, исцрпена психички. Морам нешто да сменам за да функционирам вака не иде веќе. Гледаш дека ми е тешко а не реагираш. Знаеш од сите дигнав раце и не очекувам од никој ништо, сеедно ми е, но од тебе очекував , заслужив ... Разочарана сум , повредена , ме боли начинот на кој ме игнорираш. Незнам дали ќе ти го простам некогаш тоа , да заборавам сигурно не.
Ми беше лесно да си играм топло ладно со тебе, се криев колку можев. Се плашам дека ќе приметиш колку ми се свиѓаш, затоа што знам дека не го осеќаш и ти истото.
Се плашам дека може никогаш повеќе нема да те видам, а немав храброст да ти кажам колку многу те сакам и колку многу ми значиш.
Ми олесна..ми падна камен од срце ти кажав се што имам, но потајно многу ми фалиш..но вака е најдобро за двајцата...
Роденден ми е. На тој ден пред пет години започна се. По неколку месеци заврши. А за мене и по пет години сеуште трае. Го замразив тој датум, а сепак сеуште го прославувам- "роденден ми е" си велам. Пет родендени подоцна, кои сум ги поминала; првиот во бунило, сеуште несвеснна што се случи, вториот екстремно пијана и со многу солзи после тежок удар на реалноста дека веќе те нема и останатите два малку среќна и на момент замислена или тажна кога ке се потсетам на нешто, петтиот ке помине со поинаква болка. 3 дена пред мојот роденден стави прстен на нечија друга рака. Ти посакувам се најдобро. Нека животот ти подари се што сакаш и нека биде барем еден процент по фер од тоа што ти беше со мене.