Убаво ми е кога ќе ти го слушнам гласот макар и правејки најобичен бош муабет преку телефон на само 5 минути.
Не ни остана уште многу време заедно. Зашто толку бедно го трошиме? Преземам јас чекор, не можам да чекам веќе на тебе. Можеби и знам зашто се понашаш вака ладно. Ќе се променам.
Зашто толку се плашиш , да собереш храброст и да прашаш што ќе биде со нас понатаму , поминаа денови , месеци па и еве година , во место стоиме …
Не знам зашто толку трагично го доживувам ова. Не мора да биде. Може и да биде почеток на нешто совршено. Се молам да ми останеш како дел од секојдневието.
Имам пеперутки во стомак, а не смеам. Сакам да те видам, а не смеам. После долго време имам желба да одам на работа, ама причината е многу погрешна Ти кажав и секој ден ќе ти кажувам, не сакам никој да биде повреден, од било која страна