Горда сум на тебе љубов Го заслужи ова после толку години чекање... Те сакам и одвај чекам да те гушнам
Ниеден бивши не ме здоболе до толку да отидам у теретана да се справувам со болката а ти што не си ми ни бивши парче ме направи. Ќе ми фалиш ама ќе те заборавам.
Не знам колку време помина откако те видов последно... Сигурно има година, сакам да те видам макар и на поминување, иако си ми забранет, одбивен на срцето и умот, ете некаде длабоко во потсвеста сакам да знам дали си добро, дали си среќен, како ти оди во животот.... Ах и овој Октомври ме потсетува на тебе, на нашата средба после толку долги години... Сеуште ти ја паметам најголемата лага која ми ја кажа, ми рече дека секогаш ќе бидеш тука за мене, а одамна не си...
Ти си најголемата дебилчина што постои.... И љута сум, на себе, и криво ми е, секако дека ми е криво, мислев дека заслужуваш подобра. Те идеализирав, и постојано мислев дека само ако уште ова го подобрам кај мене ќе бидам доволна. А ти на крај се ожени со некоја која е се што некогаш си ми замерувал..... Се што си ми коментирал во негативна смисла. Да знаев дека вака ќе биде немаше толку да не се ценам самата себеси. И те гледам на сликите каде што си со неа и не си среќен, не ми изгледаш среќно, на сликите од регистрацијата, исто. Како присилно да си донесен таму. Затоа што ситуацијата така излегла. Или можеби само се тешам самата и се залажувам. Имате пет месечено бебе. Како не би бил среќен.... Се сеќавам на моментите кога како помали некој ќе ме закачнеше и постојано имаше навика да ме заштитиш и на шала да им кажеш не ја закачајте ќе го поврдите син ми. А сега имаш ќерка со неа.... Иако никогаш не сме имале ништо, се прашувам дали се е во ред со мене што се осеќам вака. Како да ми фали дел од себе.... како да е изгубен засекогаш. И дури некогаш ако се врати никогаш нема да биде како што би требало да биде... затоа што назад нема.... Љута сум на себе. Се прашувам дали животот навистина ми е промашен како што знаат моите да ми кажат? Зошто никогаш ништо не превземав? Зошто не се обидов да поразговарам со тебе? Зошто те пуштив? Зошто мислев дека не сум ти доволна а ти на крај заврши со некоја како што е она? Не ми се верува каде завршив... не се замислував вака. Секогаш имав некое чувство, бев убедена дека на крајот ќе завршиме заедно.... Би сакала еден ден барем, да можаме да поразговараме, искрено, со отворени карти. Дали си среќен? Дали е ова тоа што си го замислуваше? Дали јас грешам? Разочарана сум. Од тебе, од твојот избор, од себе..... Посакувам да можам да се вратам назад, макар на ден пред да те изгубам засекогаш. Да поразговарав со тебе.... Овака се ми е недовршено....
Па нормално дека нема јас да ти пишам, шо мислеше ти... И доста ме убедуеш да сум "помека со нови ликови" , сам знаеш каква сум на почеток. И ти тоа го пројде со мене...