Вчера најде начин да ми пишаш пак, ти благодарам за предупредувањето, што сепак на крај одвои малку време за мене да внимавам на некои луѓе. Денес се уверив дека си бил во право. Вечно ќе ти бидам благодарна што не ми дозволи да направам грешка. Сепак во тебе имало трошка човечност. Да ја направев таа грешка, не знам какви последици ќе имаше. И уште нешто, не мислев дека толку ќе ме болиш ама си стојам на своето дека нема назад. Ти благодарам уште еднаш.
Тешко ми е да верувам дека сето ова ти било толку безнајачно. Дали ја или некоја друга била, сеедно. Не можам да се понашам со тебе ко порано. Не ти мислам лошо, никогаш. Ама мора да се ставам сега себеси на прво место.