Секоја ноќ пред спиење ми се навраќаат сценарија од прошливе месеци и не ми даваат мир. Зарем стварно до толку ја зафркнав работава? Од што толку глумев лудило тогаш, сега стварно ќе ме фати лудило без тебе.
Проклет да си. Колку и да си направам некоја лоша слика од тебе во глава,колку повеќе ме нервираш, колку после она што го видов ми се одмили, како толку повеќе да ми копаш по срцето и се сместуваш се подоле, тебе можеби ти е убаво, ти одговара на егото, ама мене воопшто не ми е, само се измачувам вака, немој, направи и ти нешто.
Убаво ми дојде денеска на душичката што ми призна дека кога си со мене забораваш на се друго, на работата, проблеми, секојдневието. И јас едвај чекам да дојдат во денот тие саат време, два, да ти се изнарадувам како мало дете и ми е премалку времето што го минуваме заедно , не сакам воопшто да се одделувам од тебе. Кога ќе си тргнеме накај дома, секој пат чувствувам некоја празнина, никогаш не сум се чувствувала вака за некој. Те сакам премногу .