Убаво ми дојде денеска на душичката што ми призна дека кога си со мене забораваш на се друго, на работата, проблеми, секојдневието. И јас едвај чекам да дојдат во денот тие саат време, два, да ти се изнарадувам како мало дете и ми е премалку времето што го минуваме заедно , не сакам воопшто да се одделувам од тебе. Кога ќе си тргнеме накај дома, секој пат чувствувам некоја празнина, никогаш не сум се чувствувала вака за некој. Те сакам премногу .
Едвај чекам да дојде вечер. Јас и ти. Црвено вино и тишина. Да муабетиме со часови. Лек за душата си ми.
Џабе комуникација, џабе се, сменет си на подобро ама...ништо нема да биде исто никогаш. Седи си со неа таму, мене повеќе не ме барај. Нема да ти бидам втора ако не ти успева со неа. Ова е глупост.
Осеќам грутка у грло. Знам дека си со неа сега. Сакам да се разбудам и веќе да не боли. Не знам ни како ми почна сето ова со тебе ама знам дека мора да заврши во моментов. Штета.
Немам зборови да ти кажам што ми значиш и колку научив од тебе. Јас порано имав само една огромна љубов, моето семејство, сега имам две семејства полни љубов. Ти си еден светол, мил, топол човек, посебен си. Секое утро се гушкаме со саати, како две мали кучиња, се смееме, плачеме, се претопуваме во нас. Неверојатен си, неверојатно мудар, а сепак толку детинест. Ми црташ насмевка на лицето со секој збор. Ти благодарам ЉУБОВ МОЈА, се надевам дека ти го пружам најдоброто, се надевам дека душата ти пее. Те сакам!
Неможам да живеам повеќе без тебе, ми фалиш премногу, не е ништо како што си замислував дека ќе биде... Ми фалат деновите кога скоро секој ден имав можност да те видам, сакам да те видам уште еднаш, барем на 2 минути.
Денес ми е самотно. И хормонално очигледно. И затоа мислите ме однесоа каj тебе. Ме прашаа што правам "тука"... ми посакаа успех. Одговорив, ама не знам колку е правилен одговорот и реалноста. Се' она што сум, и се' она што не сум... Се' она што не сум изгледа ми е уште призмата низ која гледам. Мислев дека не е. Не знам што е правилно во моментов. Претходно ми беше страв и не знаев каде терам, па не мрдав. Сега, играм пикадо но и кога сум во центарот... не сум. Па еве не знам... тој потенцијал... Реализирав дека имам страшен проблем со камитментот... Враќам филм, улици и.... Осеќам дека ми фали тој некој у животов. Ама...
Те сретнав после мнооогу време, не почувствував ништо за тебе ама видов дека изгледаш подобро и мило ми е. Навистина ми е мило ако си среќен.