Некои луѓе ги помрачуваат и најсончевите денови . И немора да ги мислиме ниту гледаме доволно е се зло што сме доживеале од нив за секунд да ни се врати. Тие ладни морници ,немоќ, бес,гнев …. Тоа е она што никој бивши не треба да го буди во нас !
Се прашував какво е она чувство некој цел свет да ти го поклони, сите ѕвезди да ти ги симне и сета љубов да ти ја даде, ти благодарам многу што ми одговори. Ти благодарам многу што си ми светлина во се, ти благодарам многу што секогаш за рака ме држиш и ме извлекуваш од дното, ти благодарам што си ми причина за поубаво утро и послатка ноќ, ти благодарам што светот ми го обои во бои, ти благодарам што душата ми ја исполни со љубов и среќа. Ти благодарам затоа што си ти, за сите ситници што ги правиш и затоа што баш ти си ми љубов и ми докажа дека постои. Во тебе се пронајдов себе си, а ти ме извлече од самата себе. Те сакам најмногу од се. 131121
Полноќ, тишина, топла прекривка, јас, талкам низ моите размислувања... Зошто те засакав, вреди ли? Одговорите како бура се нижат... Те сакам иако не си до мене, иако знам дека ти мене не, те сакам затоа што посовршено суштество немам видено, затоа што си олицетворение на се што некогаш сум посакувала. Да, можеби навистина никогаш нема да бидеме едно, ама вреди да се надеваш, зарем не? Нема ништо лошо во тоа да сакаш, посакуваш, да живееш под закрила за соништата. Да мечтаеш за среќа која можеби еден ден ќе затропа на твојата врата и ќе влезе тој, личноста која во моментот незнае дека ова е излезено од дното на твојата душа , а наменето за него. Личноста која ти е опсесија, која толку силно посакуваш е сега тука. И го слушнеш она ТЕ САКАМ кое ти ја затоплува душата, те смирува, те прави спокоен,мирен и она најважното САКАН.. Неколку минути подоцна, тишина, јас, сама, река од солзи, без одговор на прашањето "Ќе бидеме ли некогаш заедно, ќе бидеме некогаш едно?"
Конечно после долго време собрав храброст да ти пишам, си правев филмови како ако ти пишам ќе започнеш разговор со мене, одлучив да го направам првиот чекор ама уште од твојата прва порака приметив дека немаш ни малку чувство кон мене, ме гледаш како обичен познаник. Ме боли тоа што незнам дали некогаш ќе имам уште една шанса да те видам и да те гушнам, што неможам да те извадам од срцето, те сакам како луда ама залудно.. Се обидов, знаеш колку пати се обидов да те заборавам, да засакам друг ама неможам, во сите те барам тебе. Често седам и гледам преку прозор да не поминеш случајно и да се стрчам да те поздравам. Ми фалиш премногу, не си ни свесни колку пати плачам по тебе. Се сеќаваш за нова година ми поклони едно пенкало уште го чувам секаде го носам со мене еднаш мислев дека го загубив не си свесен како плачев што си го загубив ама засреќа си го најдов уште е со мене и секогаш ме потсеќа на тебе. Јас неможам да те заборавам, те молам барем еднаш појави се пред мене онака неочекувано.. Сакам да ти кажам те сакам ама само уште повеќе ќе ми го скршиш срцето, знам дека си добар човек ама неможам со сила да те натерам да ме сакаш. Јас ќе продолжам да те сакам иако ти мене никогаш нема да ме засакаш..
Летна еден месец бре. Ама тоа што се знаеме многу долго и имаме пројдено многу добри и лоши ствари заедно е толку олеснително. И не туку ми забегувај со "ризични сме". Не сме. Знаеме до каде е границата и знаеш дека немам капацитет за повеќе. Тоа што уживам во секој момент со тебе, не треба да те лаже дека можам нешто повеќе. Не можам! Вака можам доживотно. Првиот момент кога ќе се спомне "нешто повеќе" имам нагон за повраќање. А знаеш колку ми значиш... и дека не те вадам од ум... и дека секој момент ми е пренајтоп со тебе. И дека заразно е спиењево со тебе....