Ти да знаеш каква лекција ми беше... Ме направи баш она што ти го сакаше... неспособна да сакам некого. Услуга ми направи.
Ти благодарам што ме потсетуваш што се поминав со тебе ,а што не заслужувам . ти благодарам што на секунда се појавуваш за да ми потврдиш како сакам да ме третира некој и дека треба да се смеам многу и често …баш затоа што те немам . Така ми ја враќаш насмевката ,перверзноста и исправениот грб .
Некад премногу ме напињаш. Посебно пред луѓе го мразам тоа, како да морам да кажам што ми е. Ако ти примети дека нешто ми е, не значи дека и другите знаат. Аман преќути понекад.
Месецов заедно го поминав ме како колеги , а сега следниов разделени без да се види ме меѓу ходниците , само да знаеше дека развив чувства за тебе , може би добро ќе беше или сепак не …
Value me or miss me. Чим си најде нова девојка, време е да си продолжам и јас понатаму без никаква грижа на совест.
Помина скоро година од нашата разделба. Пред некој ден видов слика, си се променил, можеби конечно си она што не можеше да бидеш пред мене. И јас се променив. Знаеш, конечно ги откачив колегите за кои ти дрдорев со денови дека ме полнат со негативна енергија. Собрав храброст за уште многу поголеми промени. Болката што ми ја нанесе ме промени, многу. Никој после тебе не ме сака на начинот на кој ме сакаше ти, можеби и затоа мислев дека ќе траеме засекогаш. Нејсе, многу сум подобра од тогаш, поинаку гледам на работите. Се надевам дека и ти си добар, ги остваруваш своите цели. Секогаш ќе имаш посебно место во моето срце на оваков или онаков начин.