Value me or miss me. Чим си најде нова девојка, време е да си продолжам и јас понатаму без никаква грижа на совест.
Помина скоро година од нашата разделба. Пред некој ден видов слика, си се променил, можеби конечно си она што не можеше да бидеш пред мене. И јас се променив. Знаеш, конечно ги откачив колегите за кои ти дрдорев со денови дека ме полнат со негативна енергија. Собрав храброст за уште многу поголеми промени. Болката што ми ја нанесе ме промени, многу. Никој после тебе не ме сака на начинот на кој ме сакаше ти, можеби и затоа мислев дека ќе траеме засекогаш. Нејсе, многу сум подобра од тогаш, поинаку гледам на работите. Се надевам дека и ти си добар, ги остваруваш своите цели. Секогаш ќе имаш посебно место во моето срце на оваков или онаков начин.
Многу си ми интересен,да го е@ам .... ти кај што шиеш,ја таму се протнувам ...и дааа у тек сум со се ,само еве- да поглумиме малку ... узајамно, што би кажала баба ми ...
Фала што никад не си тука за мене емоционално. Да беше физички одма ќе трчаш, ама бегаш и ме оставаш сама да се справувам со ѓубре ти што го предизвикуваш. Сакам некој како мене...
Тука се започна, пред многу години. Не верував во љубов од виртуелноста но дадов шанса. Не се покајав воопшто, ти беше се во мојот живот, она нај милото, она во што можев да се заколнам последните 9 год. Беше моја подршка во моите нај тешки мигови, беше мој радост кога бев нај среќен, но остана сега само сеќавање? Кога испланирав и спремив изненадување, БАМ! Судбината или ти си поигра со мене. Можеби ќе го прочиташ ова, можеби некој и ќе ме препозне или знае кој сум...Ми е гајле, не сум истиот човек. Што направивме од нас? Пеколот вака изгледа за мене, мртов емоционално. Тука сум, плутам, незнам дали некаква вистина да барам ... Биди среќна и за мене, без мене, незнам како. Се прашувам се и сешто, но сам неможам да си дадам одговор.Ме боли до Бога таков суров крај. П.с (морав нов профил, стариот не функционирa, не те тагнувам)Старата гарда форумџии, да не тагнувам, некој/а сигурно ќе ме препозне... Животот е суров, јас сум доказ за тоа. Како најголем грешник ќе си патам и плаќам емоционално. Имам многу што да ти кажам, но можеби некогаш, некаде, не тука.
Колку убаво што ти текнало да извадиш некои од нашите слики. Убав излезе албумов. Vintage love vibes.