Како бе само тебе секогаш ти каснат автобусите? Бетер од женско си со каснењево. Јас се шминкам и средувам побрзо од тебе. Ме изнервира. Мрзнам тука и те чекам.
Вечерва ми фалиш некако повеќе од вообичаеното, не знам зошто.. Милион пати напишав порака и ја избришав, милион пати тргнав да ти се јавам.. Знам дека ќе кренеш и ќе си направиме муабет колку толку, ама не можам бе... Ќе се скршам уште толку ако те слушнам сега.. Ќе направам полошо за двајцата...А во исто време и умирам да те слушнам... Не ти го заборавам гласот, ама веќе почнува да избледува.. Нека си остане вака сепак... Ќе најдам сила да издржам
Не знам како уште ми се вртиш во глава, побогу само сакам да те извадам од систем. Мислам дека фактот што не ми обрнуваш внимание, ме тера уште толку да те мислам. Искрено не знам, си очекував дека до сега ќе пишеш, ќе ми направиш некое муабетче откако ти пишав јас. И денеска сум на дејт со друг тип, а те сонував тебе, како сум собрала храброст да ти кажам дека уште она what if го имам за нас двајца, како недовршена приказна е нашево. И така испобунета сум цела, сакам да му дадам шанса на типов и да не мислам на тебе. И ќе пишеш сигурно, само во некој погрешен момент...
Среќна сум што те гледам таков насмеан, полн со амбиција, кога правиш заеднички планови, кога си ја креираш среќата заедно со мене. Мирна ми е душата кога знам дека си добар и дека ќе ми се довериш што и да те мачи. Не ти ветувам дека секогаш ќе сум со тебе. Ама можам да ти ветам дека додека сум со тебе, ќе бидам причина за уште една твоја насмевка
Со тоа шо пишувам тука во темава за тебе манифестирам да ми пријдеш пак на некој начин. Ми се плачи од шо ми фалиш!
И после сите твои глупости, на првиот повик твој одма дојдов као наводно да си ги земам пижамите што сум ги заборавила. Пиевме кафе и ми кажуваше што си правел изминативе денови. Извини ама не ми беше до муабет за тоа. Очекував барем некое извинување или нешто во врска со нас. И те прашав дали имаш уште нешто да ми кажеш? Рече све било кажано и не сакаш да се расправаш. Не си ми јасен, до пижамите ли беше, сакаше ли да ме видиш, толку ли ти е високо егото што не сакаш да признаеш? Аман човек до кога веќе ќе ме мучиш? Воопшто не е фер од твоја страна, што сакаш да постигнеш? Знаеш дека не би продолжиле доколку не ги добијам потребните објаснувања и промена од твоја страна. Која беше целта на моето доаѓање? Стварно само сакаш да ме збркаш и не ми дозволуваш да продолжам напред....