Со среќа нека ти е!!! Искрено ти ја посакувам целата среќа на светов со неа!! Не ми е јасно само како можеш, ни два месеци не поминаа бе!!! Години беа во прашање со мене, толку ли ништо не ти значеше?Па и јавно да објавуваш. Абе од почит можеше да почекаш, кога знаеш колку ми е тешко! Пу!!! Ова е последно нешто шо го пишувам негде за тебе!! Фала ти, многу полесно ќе те заборавам сега, дури и омраза осетив за момент. Од утре нов лист, нова јас, многу посилна!
Не паѓам на тој степен да те блокирам, секако со години се познаваме. Прави што сакаш, не те бришам, ни блокирам.
Доста ми праќаш reels на инста, имам обврски, а знаеш дека ако ми пратиш ти нешто, ќе го отворам и ми отиде вниманието после.
Ни било, ни ќе биде . Како поминуваат деновите сфаќам дека само јас сум се борела за таа врска и за " н а с ".
Уште ова.. Ќе си се вратиш ти еден ден кај мене ко ќе сфатиш дека нигде нема да најдеш девојка каква што ти бев јас, ама тогаш јас ќе можам кума да ти бидам и на свадба да ти се веселам Поздрав
Семафорче мое... Еличке моја... ми фалиш...но морав така.... за мое добро се тргнав на страна... многу се плашам за тебе ... издржи ја уште оваа борба... вети ми дека ќе се бориш повторно...
Ти реков: „Секој има човек кој му е лек на душата“ а ти.... ти си за мене - болест - сипаници. Сипаници кои сум ги минала долго и болно, во кои сум плачела и халуцинирала од болки, во кои сум горела од желба и самотија изолирана од сите. Сипаници како красти по душата, кои сум ги минала, од кои останале лузни секаде по телово , кои на миг ме потсетуваат - помина, ги преживеа ти, заврши агонијата, од кои сум развила доволно јак имунитет на тебе засекогаш, за никогаш повеќе да не заболам од сипаници, од тебе!! Некои луѓе се лек, а некои лузна што доживотно ќе не потсетува само на зло!