Тек сега сфатив дека на времето ти и ме немаше ни сакано. Фала богу што ни се раскрстија патиштата, ме остави на раат и си ја доживеав оваа среќа и љубов сега. Секое лошо за добро било.
Последниве денови си ист како пред 10 години ... истите мисли и истиот хумор... Таков те запознав , остани со таа позитивна енергија
Срце мое, и на форумов приметиле дека сум многу заљубена. Знам дека ова е клише, ама во твојата прегратка се чувствувам како дома. Кога ќе ја навалам главата на твоите гради, а ти ќе ме прегрнеш, ми иде некоја топлина од твоите раце, ме обзема чувство на сигурност, нежност, преубаво чувство во душава што не можам да го опишам со збор. Само знам дека ми е премногу убаво, првпат во животот се чувствувам вака.
Ахх бе неколку дена бев добра и еве ме пак на старо... Не можам во 4 сабајле да избегам од реалноста, од самата себе.. Сега не можам да се преправам дека ми е сеедно.. Ќе се исплачам и ќе си станам како нова сабајле, насмеана, весела додека сите мислат дека сум среќна..Ама јас си знам колку солзи требаат цела вечер за да можам толку добро да глумам среќа следниот ден
Само сакам секој година да ја завршувам заедно со тебе и да ја започнувам новата. По толку години заедно, јас секоја година се повеќе те сакам. Одвај чекам конечно заедно да ја китиме елката, нашата елка Ти си мојот дом
Мислам дека полека успевам да те исфрлам од мисливе и од срцево. Се помалку те помислувам. Имало надеж.
Не сакам да ти покажам дека сум изнервирана за ова денеска, не сакам да се нервираш и ти. Веќе го знаеме каков човек е, нема потреба да си расипуваме расположение за него.
Мило ми е што почнаа полека да ти се исполнуваат целите што ги имаше замислено, со среќа љубов моја , а јас секогаш ќе бидам на твоја страна! ииии, да те поздравам со нашата песна