Никогаш никој не ми има пружано внимание ко што ти го правиш тоа. Ме смееш, не штедиш на комплименти, секогаш ти е битно дали добро сум спиена, јадена, дали ми фали нешто. Ама не брзам, времето ќе покаже, сега ми е мило што те имам во мојот живот.
Во право беше... и јас никогаш не сум го доживеал тоа со таков интензитет Ќе ги бројам деновите до наредното...
Глупак. Прост. Деген. Кретен. Кај крив, значи крив крив крив, не си заслужил муабет да ти направам. Поминав покрај се' па уште ќе ми спушташ слушалка на телефон. Ма иди еби се бе. Биди пијан, прај глупости, не ми е гајле, што сака нека ти се деси. Неблагодарно гомно.
Го чекам моментот да ме побараш пак. И да те отерам у курац. Амаа, самото твое постоење ме тера да се подобрам во секоја смисла. За инает.
Текстов од песнава ме потсети на тебе: "Oh oh I had a dream last night and you were in it Oh oh I long for you, I long for you I love you Oh oh I wonder if you are thinking of me now..."
Ме изненади кога рече дека ќе дојдеш деновиве само за да ме видиш. Ме исполни целата, како во моментот да беше покрај мене и да ме гушкаше. Можеби сепак и има надеж.
Јас за тебе би се качила на Марс, а ти не можеш со прст да си се помрднеш??? Секој ден истите е*ени работи само во различна форма! Смачено ми е, губам сила и трпение! Се би направил за мене само кога плачеш и молиш да не те оставам, а иначе си свиркаш. Додека ЈАС се кинам за да успее нашево. Еден ден ќе ми стане навистина гајле за тебе и тогаш нема да ме допре ниедна твоја солза и емотивна манипулација. И не знам веќе дали да се плашам од тој ден или едвај да го чекам да дојде !
Боли.. навистина многу боли кога те гледам од далеку, ти насмеан.. јас насмеана.. тонеме со гладни погледи. Но не можеме да бидеме заедно. Болката е многу посилна од што мислиш ти. Можеби еден ден ке ни се спојат патиштата, ама знам дека ке биде прекасно.