Едвај чекам да те видам за некој саат. Секогаш повеќе ја сакам ноќта од утрото, но кога знам дека тебе ќе те видам и утрото ми станува омилено.
Зошто после толку години изминати во бездна полна со тагата и солзи по тебе, јас сеуште правам среќни сценарија во мојот мозок, со тебе, со мене, со нас двајца, ЗА НАС ДВАЈЦА!?!? Побогу или уште те сакам или сум психички болна, трето нема. Се надевам дека е второво белким има лек и за тоа, ама ако е првото до кога? Еј човеку испадни веќе од таму каде шо си, оди си више еднаш аманн..... Сакав да ти пишам, сакам ама пусто бројот сум ти го заборавила. Не знам дали да се радувам или да тражам поради тој факт..... Што е поарно да ти кажам што ми лежи на срце и да паднам пониско од кога било или да се јадам вака одвнатре во доцни саати? Го одбирам второто.... Аман не можам веќе, ќе препукам.... Дојди ми проклет да си
Откако те имам во мојот живот се е поубаво, се е повесело... Среќна сум. Како ли не те запознав порано.
Секогаш кажуваше дека твојата љубов е огромна твојата љубов е бескрајна Заборави дека за љубов треба да имаш големо срце храброст и вистинска љубов Се што добив од тебе беше единствено ТАГА Твојата љубов беше само голема ЛАГА
Ова ми го зборуваш со години наназад ама кој да те слуша мужичу.Сепак ти благодарам на советов но и на истрајноста што ме трпиш .
Иако имавме лош раскин јас и ти, знам дека секогаш ама секогаш можам да сметам на тебе. Фала ти, ете... Како пријатели супер функциунираме и ти благодарам за подршката за мене и него. Ме повреди да...ама сега не даваш да паднам. Фала муце, ти секогаш ќе имаш посебно место во моето срце.
Ти си ми лек, смисла му даваш на животов. Ми стана безбедно место, дома ми е во твојата прегратка. Се плашам да ти кажам дека те сакам прва, а толку пати умирам да ги изговорам тие зборови. Вчера ми беше најубаво, времето со тебе лета.