Не очекував дека и по раскинувањето ќе се понашаш дебилно...пасив агресив а? Шо толку ме мразиш? Шо толку ти згрешив? Буквално патам ради тебе
Се фаќам како се' повеќе се однесувам како тебе. Нат гуд.... Реално не знам каков репер си ми, не можам да си разјаснам уште. Толку те идеализирам што мислам дека многу добро те познавам, дерфор, ја фаќам логиката и резонот зад работите. Или можеби и те познавам подобро од што мислам. Не знам како да ги движам работите. Мислам, не сум личност која се преокупира со вакви работи, ама ми ја пуштија мувата, а и на мене ми е малку преку глава да сум сама. Ама, големо ама, јас сум јас. Не знам како да дозволам некој да ми се приближи. А уште повеќе, не знам дали сакам тој некој да е некој што го прави тоа. Ма проблемот е во тоа што знам дека не сакам. А најопасно е кога јас тлеам и не правам ништо... тоа што се спрема обично, не резултира добро. И уште сум под твое влијание, да не го заборавам тоа.
Денес децава по 100ти пат го гледаа анимираниот филм шо ние заедно го гледавме на твојот роденден, првиот заеднички. И по 100ти пат гледајќи го со нив ми буди преубави спомени и одново си го доживувам тој ден, истото чувство го имам како и тогаш, исто срцето ми трепери како и тогаш пред 10 год. Те сакам секој ден се повеќе љубов
Ама чоек оти ме бараш? Не сме непријатели значи, ете здраво имаме доволно е, пријатели сигурно нема да сме.
ete mozelo i bez tebe,pa za cudo ne mislam mnogu kako porano,i ne sakam da znam so prajs,kade si,i kako si,blokiran sekade,nedostapna za tebe,caooooooo
Не сум била навикната на вакви мажи како тебе, мирни, фини, без драми и проблеми во животот и врската. Порано ќе речев колку досаден тип, но ова било зрел и вистински маж значи. Покрај тебе и јас созревам и се менувам, добро ми влијаеш.
Историјата се повторува. Ништо ново за мене, и по принцип со прст не мрдам, ама овој пат НАВИСТИНА не сакам да се повтара. Треба да го исклучам емоционалното бранување и несигурност во мене. Страв ми е. Од се'. Не сакам да го оплескам ова. Ако ова е тоа што потсвесно го чекав, го сакам. Не сакам да го жртвувам. Не сакам да го жртвувам влегувањето во уни каде сакав. Не сакам да ги жртвувам и годините пред тоа. А можам. Знам дека можам. Докажувам дека можам. Треба само да продолжам да ги правам правилните работи. И не знам дали една од нив е зближување со тебе. Мислам, не знам дури дали си сериозен. И дали имаш некој реално таму. И дали не си некој извртен тип. И дали си реално повисок од мене. Дали воопшто тоа ти е намерата.(?) Како да го разберам кажаното дека нема да поштедиш усилија да осигуриш дека работите се како јас што сакам? Не сакам да изгрмам професионално, а треба да продолжиме со комуникација. Како? Зошто побогу паѓам на умни луѓе во опкружување, со кои работам? Секој пат.