Можевме да имаме преубав викенд, ама ти ПАК го уништи, а во твоите очи јас сум расипничката. Проклето нека е, барам само 10 минути да направиме муабет ко возрасни луѓе, ама ти и тогаш ми се дериш. Што грешам до толку??
Немам што да ти кажам освен дека ме чуди што е се толку мирно. Дали јас почнав да не се замарам толку или навистина сме добро? Допрва ќе видиме... А на некој друг би му кажала... Можеби навистина ми направи услуга што те снема, ама еден дел од мене посакува да се појавиш пак. Се надевам дека си добро...
Готово е... Се знаеше дека ќе биде, но зошто толкав товар имам? Ужасно копнеам по тебе. Изминативе неколку години ти беше се за кое мечтаев, се за кое постоев... Како да продолжам без тебе? Ти благодарам од срце за преубавите мигови. Биди среќен, а јас ќе се снајдам некако...