Пишам бришам, е до толку ми е хаос во глава, само знам дека ми се допаѓаш, но мислам дека сме премногу различни, а и најголем проблем ми е што не знам дали си сингл и тоа ме кочи
Ми фалиш. Многу ми фалиш... Премногу... Не знам дали ти си тој што ми недостасува, или пак тагата е по времето поминато заедно. Сите тие долги, искрени разговори. Сите тие погледи и случани допири... Ми влезе под кожа и не ми даваш мир. Знам дека сум тешка за сакање, неодлучна, наивна... Ама знам дека кога ќе решам да љубам, љубам со цело срце и душа. Љубам стопостотно, без задршка и страв. Не биди толку строг спрема себе. Дај си малку љубов. Смири се крај мене. Смири ме и мене. Едноставно е...
Добро е што конечно си доаѓаш утре, се чувствува твоето отсуство на работа. Еден ден може ќе ти кажам и дека ми недостасуваш во животот повеќе од колега на работа и пријател...
Ти си најдоброто нешто што ми се случило во животот.Најдобар во се и сопруг и сопатник и пријател.Ветар во грб пристаниште да се укотвам кога сум изморена заштит, закрила, подршка.Со мене си во добро и зло.Како си ветивме пред Бог така и тераме.Те сакам бескрајно.
Поважно од се што е ? Кога не запираш да го љубиш она што е твое, она што не живее. Дојди, дојди додека не е касно и освоиме...да ти кажам колку те сакам, и да ги заборавам сите болни моменти од животот...Дојди
Ne mozam da razberam so koe lice, si se setil po 1god da me baras. Me ostavi skrsena, depresivna sama da se spravuvam so site stranja sto bidnaa... Posto neli mn me sakase, se isplasi od toa sho bidna i izbega... Ne ti posakuvam nisto loso, ama seto toa e minato i ne me interesiras. Te molam ne me baraj poveke, navistina nema potreba.
Ќе ги отпретам сите горештини од твојата глава, ко суво дрво на сува рида реките ќе ги заковам. Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња ќе те љубам и губам и во пости и пред гости само да ме сакаш. Ќе ги поткупам сите човечки сетила и патила. Сите светлосни преѓи пресијазол ќе ги врзам, сите денови и ноќи на својот почеток ќе ги вратам, ќе ти дадам се што е солено и молено само да ме сакаш. Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокам ќе ги затнам сите извори, се што гори ќе отворам. Ќе направам да не се знае кај е лево и десно, ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица само да ме сакаш. Ќе ги шпионирам сите крадци на твоите часови. Ќе ги исфрлам од употреба страните на светот и светот, по црна ноќ, одмижанка ќе го истрчам и ќе те фалам и кудам под сите небеса само да ме сакаш. Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено, на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе, не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас, со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам само да ме сакаш.