Едвај го чекам денот кога ќе се будиме и заспиваме секој ден под ист кров, и кога ќе можиме да правиме што сакаме, без да се грижиме дали ќе пропуштиме автобус.
Не сакам никоја да не ја гледаш како што си ме гледал мене, сакам да ме гледаш само мене. Како што не можам да се замислам јас во туѓи раце, така не можам да замислам ни друга во твоите топли прегратки. Ми фалиш најмил мој...
Кога ќе пораснеш и ќе сфатиш дека за се има решение? Дека за проблемите треба јасно да се зборува, дека ако споделиш што те мачи можи ќе можам да ти помогнам? Јас не сум баба Ванѓа да ти читам на гравче и да знам шо те мачи, какви мисли имаш во главата. Кажи, ќе најдиме решение. Во најмала рака ќе те ислушам, последно ќе ти е верувај...
Душа си ! Со истото старо оружје се обидуваш нова јас да повредиш … Уште ќе ме убедиш дека го заслужувам тоа како си тргнал…. Генијално ! има ли пониско од мажи што не знаат да дадат внимание на жена , прашај си се сам некогаш …..и тоа на онаа која им значи ама се пички да си признаат !
Да бев Ван Гог меѓу ѕвездите ќе те насликав. Тогаш немаше да ја имаме ѕвездената ноќ, туку ќе беше сончево утро. Пошто си ми сонце, ама тмурно е и облачно деновиве
Да не си дел од мојот живот и да не си ми толкава подршка и потпора јас не знам дали ќе го преживеев овој суров живот. Ти благодарам. Најдобриот сопруг си
Се сеќавам минатата година во каква состојба бев, а сега во каква. Разлика огромна. Минатата година немав желба за живот поради него, памтам и дека плачев на НГ пред родителите, бев преслаба и уништена, без волја шетав со друштво. Тогаш се појави ти, тој датум... Се започна на 04.01.2023 Тогаш ми пиша во порака, паметам црн хумор беше, бидејќи обожавам црн хумор, се понуди да споделиш неколку со мене. Збор по збор, реченица по реченица, се зближивме, ти се отворив и од таа ноќ, се беше поинаку. Да бидам искрена, не очекував порака следниот ден, но штом се разбудив видов дека ми имаш пишано кратка и слатка порака со срамежливо смајли. Набргу потоа ме покани на дејт, за да се отргнам од црните мисли и секојдневието се договоривме да отидам во твојот град и да ме шеташ кај што сакам. Мислев нема да ти се допаднам, ќе се срамам или било што, но пред тебе бев многу опуштена. Ме гледаше во очи додека пиевме кафе и толку ме фати срам што ќе го истурев кафето.. Се на се, убав прв дејт беше, па после следеше и вториот и третиот и се така се нижеа дејтови и ете ги тие 10 месеци заедно Ти си ми најубавото нешто што ми се случило. Ти благодарам за сета љубов, подршка, за тоа што ме трпиш, за тоа што ме смееш, за најубавите дејтови, бакнежи и гушки. Те сакам.
Кога конечно беше крај, не плачев, не жалев, само се чуствував ослободено, слободно и некако чудно. Не плачев кога се раздливме зошто многу време пред да дојде крајот јас тебе те прежалив, те преболив. Чудно е кога си со некој ама се спремаш за крајот, чудно е кога преболуваш некој додека лежиш до него. Болно беше кога те гушкав и се прашував дали ова ќе е последно. Болно беше кога те гледав во очи и не гледав иднина во нив. Знаев дека заслужувам подобро ама проклето бев зависна од тебе. И затоа кога конечно дојде крај не бев тажна, ниту плачев, зошто знаев..очекував, спремна бев. Се чуствував само ослободено, како огромен товар да ми се тргна од мене. Она што не знаев е дека долго после тоа се уште ќе ми доаѓаш во мисли, на рандом денови и рандом места кои не ме ни потсетуваат на тебе. Само рандом мисла за тебе и некое носталгично чуство што не сакам да го имам. Барем не за тебе. Никогаш не посакав и не сакам пак да сме заедно, само проклето многу ми фали тоа чуство. Адреналин, возбуда, полетност, среќа..се тоа измешано во најдобра можна форма.