I would stay forever if you say Don't go.. Ахх, колку само сакам да го вратам времето, да вратам една година назад. Никогаш не би те оставила.. Каде ми бил паметот тогаш си велам сега, но и самиот знаеш колку бевме токсични, колку не ни одеше последната година.. толку љубомора и бес не бев видела во тебе.. Премногу беше добар, премногу.. колку само се сакавме, планиравме иднина заедно, соништа имавме ејј.. 7 години заедно и накрај сето тоа пропадна во вода.. Зошто мораше да биде вака? Една година помина одкако се разделивме, а денес ми фалиш премногу, колку само ми фале твојот поглед и твојот глас, а па твојата прегратка... How to get over it..? Знаеш ли дека јас сум таа зад тој непознат број, за само да ти го слушнам гласот на 1 секунда.. Одкако се разделивме светот ми се преобрна, и во најтешките моменти те немав тебе, а ми требашее.. wish we could go back And remember what we were fighting for.. [FONT=Programme, Arial, sans-serif]Знам дека направив грешки и јас, извини.. Знај дека никој неможе да го заземе твоето место, барем досега никој не е, а пробав, дозволив некој друг да ми влезе во животот, мислев дека те заборавив, дека те преболев, но не било така..знам дека не е фер кон него.. Недостигаш премногу.. Колку само сакам ова да ти го кажам лично тебе.. [/FONT]
Е мој бивши... Да знаеше минатата година колку се мачев и страдав овој период по тебе. Колку се понижував и барав начин повторно да бидеме нешто. Колку само ми значеше секој разговор па дури и пријателски. Денес беше тој ден кај што ставив точка на се. Иако немав против да останеме пријатели бидејќи секоја емоција кон тебе беше одамна мртва морав да ставам крај на секаква интеракција со тебе, на она обичното здраво. Не поради него, туку поради себе. Да знаеше колку ми значеше, се ќе беше поинаку. Чувај се таму и фала ти за се. Ќе ми фалат твоите совети, подршка и давање храброст. Тука ставам точка на постовите пишувани за тебе, моја горка грешко. Адиос.
Ќорава ли била бившата да види какво бесценето злато си, да дозволи ваков човек да и се слизне низ раце. Нејсе, фала и многу што не те сочувала и ми ја отворила мене вратата да те имам.
Еден ден кога ке останеш сам без жена и без дете ке сфатиш дека “заедницата” ти донела повеќе штета отколку корист. Поздрав.
Кога ми кажаа твоите другари и другарки дека ЖЕНАТА ТВОЈА не ја сакаат пошто била многу специфична и не ни им правела муабет, се прашав себеси дали таа е она твоето '' Јас заслужувам и ќе ги собирам трошките од под маса. Ти си премногу мирна за мене и за моето друштво " Ми кажаа, како она не те пуштала да се дружиш со нив. Ми кажаа дека ти направила скандал на свадбата ваша, кога татко ти се опијанил. Ми кажаа и дека таа не ги сака твоите и не им го дава вашето дете да го чуваат нит сака да идат кај вас на гости . Она сама ќе го чувала бебето. Се прашвам како ти е тебе, како им е на твоите и на сестра ти. Дознав и дека бебуш, ви бил болен и она морала со месеци да лежи на болница со него..... Како ли ти било тебе? Се загрижив, да и сеуште се грижам. Господ, ми дарил да се грижам за сите...
Помина нашето време. Не чувствувам веќе ништо и за никого, се е лага. Мислев ако се потрудам ќе можам ама не функционира така. Ми недостасуваш после вчера, повеќе од минатата година во слично време кога проба да ме контактираш и затоа ги напишав тие две објави за тебе. Зошто слаба сум, проклета сум! Како што пишав, секоја клетка од мене сакаше да ти даде втора шанса, да те гушне, да те бакне како пред десет години ама не смеам. Не ти давам втора шанса, иако знам дека ни сега не е доцна, ама преплашена сум. Тие објави, за тебе беа, знаев ќе ме побараш откако ќе се вратиш. Знаев интуитивно, оти отсекогаш бевме поврзани .. there, i said it, guard down. Можам да глумам, да имам илјада маски, ама не сум воопшто студена, и ти тоа добро го знаеш. Затоа ме злоупотреби тогаш одамна, па се жалеше на друштво после за мојата трансформација во 'evil bitch'. Не знам што очекуваше? Ама добро. И да, посакувам да сум среќна, оздравена и да речам се е зад мене .. готово, ама не е така. Никој не може да те замени, тоа е она што сакав вчера да ти го пишам во пораката ама не можев. Гордоста и снагата не ми дозволуваат. На никого и ништо веќе не се радувам, сѐ е претворено во рутина. Еве плачам денес бидејќи вчера по втор пат ме бараш, башка пред некое време пишав, мислев да ти дадам уште еднаш шанса па ако заебеш ќе те оставам, ама застанав, размислив, и се прашав дали вреди? Одговорот беше не. Зошто како што пишав, помина нашето време драг мој. Се испроектирав преку сите наредни врски, барав љубов на различни места и не најдов. Од никого. А, бев на толку мрачни места, ти не знаеш. Мислиш се ми е совршено, дека се тргнав од сите привремено, додека реалноста е дека душава ми вреска за тебе. Ме боли што не можам да сменам, да не вратам низ временска машина и поправам сешто уништивме. Жал ми е за сешто ти се случи сега, и те разбирам, ете поминаа години, заслужи подобро, среќен, исполнет живот со девојка што те сака, ама ако е утеха ни за мене не беше пишано да најдам радост. Се лажев многу долго дека не те сакам, дека не сме најубав пар.. Дека другите ми се радуваат како ти, ама јок. Дури пробав да ги исколекционирам и заменам спомените со тие 'други' ама не успеав, џабе. Многу долго се лажев, и жал ми е, за себе сѝ најмногу...
Tražim da te niko nikad ne voli ko ja Tražim da se vreme vrati unazad Tražim ono što je moje, a znam da ne moguće to je..
Со секоја твоја постапка се повеќе ме оддалечуваш. Не те сакам како порано. Ја уништивте таа искрена, наивна љубов што ја имав кон тебе. Ќе заминам навистина кога најмалку ќе очекуваш. Не знам зошто прееска ме молеше да останам… Не осеќаш дека е крај? Не осеќаш дека нема топлина во моите ретки допири? Не ги гледаш празните очи кога ќе се вратиш дома? Не ти фали мојата насмевка? Штом отвориш врата ја снемува. Не не заслужуваш!
Извини шо заспав, а знам дека сакавме малку поќе да позбораме. Не дека ми си лут, дури и ме остај да спијам, знајш и имаш разбирање дека моментално животот ми е напорен и мора да бидам одморена за да функционирам..но сепак криво ми е шо така заспав
Најмил мој, на овој ден требаше да бидам до тебе, заедно да славиме. Се надевам дека барем си среќен. Бев многу изреволтирана (и уште сум) кога дознав што си помислил за мене, но нека, можеби така е исправно. Го поминав периодот на негирање и депресија, ја прифатив реалноста. Те сакам, а знам дека и ти ме сакаш, но едноставно тоа е што е. Господ е голем, ако сме судени еден за друг, тогаш верувам дека повторно ќе не спои. А ти на овој ден биди ми најсреќен, како и на секој нареден што доаѓа. На крај краева, колку и да сме оддалечени еден од друг, знам дека и над тебе сјае истата Месечина кога ќе погледнам кон небото.
Колку и да бегам од помислата дека си сеуште длабоко закопан на мојата лева страна....недостасуваш.... Твоето негирање за чуствата кон мене...твоето потсетување дека си тука. Да се други околностите можеби,и би имала некаква надеж. Но нека ,попрво ке не изедат гордоста и егото одколку да го направиме првиот чекор. П.С. Остани таму каде што си,можеби еден ден ке испливаш на површината