Си отиде... И како никогаш ништо да не и бевме. Доволно ти беше само една недела да си ја најдеш замена, една недела само. И уште ми викаш, не ти пречи така!? Како бе така без грам емоција, без грам осет за тоа како е на другата страна?
Заморот од напорното секојдневие и мојот обемен распоред ми влијае негативно. Извини ако ти фали внимание или ако некогаш сум нерасположена и престрога со тебе те сакам најмногу и фала ти за твојата љубов, поддршка и разбирање особено во овој период од животот
Да ти даде Господ 3 керќи и шо ми правиш,тродупло да им прават,а ти да гледаш од страна и да не можеш ништо да направиш. Секој ден му го велам тоа на ѓубрето скапано.
Бејби, ќе ми пратиш ли честитка за нова година ко шо ми прати у далечната 2017? не а? така и си мислев. Фак ју
Ми се појави во животов кога најмалце ми требаше некој и ти го знаеше тоа, но сепак не се откажа и ме трпеше со сите испади и сите трауми од кои се опоравував тој период... Многу сум среќна што не се откажа и што беше толку решен да биде нешто од нас бидејќи ти да не беше толку упорен, немаше сега да сме ова што сме..
Втора година китиме елка заедно ❤️ Втор најубав период во годината со тебе заедно во нашиот дом ❤️ Втора година љубов, емоции и многу среќа покрај тебе ❤️
Баш деновиве те мислев многу, како да те повикав ете ми се појави, со нејзе ама ако. Сакав и нејзе да ја видам. Си одговарате. Криво ми е, многу погрешна одлука од моја страна. Требаше да пробам, да видам, за да не ми се врти во глава тоа - ,,што ако". Се надевам ќе ме поздравиш на прославата, се надевам дека ќе имаме краток разговор, но најмногу се надевам дека немаш лошо мислење за мене.
Од каде да почнам? Поминаа години, поминаа секакви моменти....плачевме заедно, се смеевме заедно. Некогаш беше лесно а некогаш толку тешко...но ние останавме НИЕ! Ти си тој што никогаш не се откажа од мене, твоето трпение и твојата љубов беа толку силни...и уште си истиот... кога јас неможев повеќе ти можеше за двајцата, ти знаеше дека вреди, ти велеше " батали ги сите, мене слушај ме" некогаш знаеше со повишен тон да речиш " игнорирај бе!" Мака ми е што тогаш не разбирав тоа "игнорирај" што значи и како да го направам и затоа се повеќе се нафрлав на тебе. Твоите солзи, ретки ама ги имаше...уште ме болат душо...да го читаш ова ќе знаеш за што мислам ти благодарам што стоеше цврсто до мене, секогаш во секоја ситуација. Ти благодарам што ме трпеше кога бев најлоша...дури и тогаш ме сакаше. И покрај се уште си истиот. Ти си тој што е најзаслужен за тоа што сме денес НИЕ ❤️ СО ТЕБЕ ДО ВЕЧНОСТА