И не знам само, дали, ако некогаш, случајно се сретнеме, ќе ми биде сеедно, или пак срцево ќе чука како лудо.
Уште си најмил мој... Би сакала да те видам, иако нашата последна средба не испадна како што планирав. Барем да знам дека си добар, само тоа ти го посакувам. Сакам да можев да те мразам, да те колнам, но и покрај се, јас си останувам мила во душата. Го чекам денот кога срцето ќе престане да копнее по тебе.
Харизматичен си, во бестрага... Привлекуваш доста внимание, и погледи полни со симпатии... И јас сум харизматична, и јас привлекуваме се исто како тебе. Секакви будали. Како еднаш не се погодивме да се привлечме јас и ти.... Небиднина.... Небиднина душо! А убав пар би биле, кога би биле.... Ама заеби.
Не знам како можеше... КАКО МОЖЕШЕ? Како можеше толку да не си искрен? Зошто???? Како можеше да испаднеш таква јуда? ЈУДО!!!
Мојата новогодишна желба е наредната Нова Година да ја дочекаме тројца со третиот човек внатре во мене! 2024 е брзо да, ама 2025 МОРА да ме направиш мамичка!
После толку години, само ти успеа полека, но сигурно, да го освоиш моето срце. Уште од самиот почеток кога те запознав, успеа да предизвикаш збунетост кај мене и да се однесувам како загубена тинејџерка, таа моќ ја имаш само ти Прекрасно ми е со тебе, и овој пат знам дека е вистинско, срцето не лаже, секој момент кога сум покрај тебе ми е магичен, и ти благодарам за се' што имаш сторено до сега за мене, а имаш многу. Да бев мачка со 9 животи, сите 9 животи би избрала да ги поминам со тебе Те сакам до бесконечноста слаткише мое
@sj *O* Среќен да ми ти е роденденот, секогаш да си насмеана, весела и среќна! Те сакам најмногууу, бебеееее.
Одамна не го користам форумот за пишување но одвреме - навреме си читам мои мислења поврзани со тебе, поврзани со нас (и генерално на форумов I'm a reader not a writer). Понекогаш ќе ја посетувам темава да "шкртнам" по некој збор за нас. Нека е како времеплов на спомени.. Неколку години заедно. Убави моменти, препреки, предизвици, промени. Се преселивме од Мк и сега повторно имаме идеја за една нова преселба, нов почеток. Не наидовме на поддршка од оние со кои ја споделиме веста. Но не дозволуваме негативната енергија и лошите зборови да влијаат на она што сме замислиле. И знам дека ќе го оствариме замисленото. Неверојатна сила и храброст имам покрај тебе. Се што сум посакувала кај еден партнер го најдов кај тебе. Нашата љубов ми е двигател во животот. И љубовта кон едно мало слатко човече кое ни се придружи и не облеа во уште поголема среќа. Хаос од нови обврски, смеење до бесвест, неспиење, лудории, бакнежи и гушкање. Многу гушкање. Ги обожавам нашите нови улоги на Мама и Тато Те обожавам тебе и нашето мало човече. Cannot wait to start our new journey together. The three of us.
Да може Дедо Мраз да донесе бришење на стари мисли , чувства, очекувања и разочарувања, на старо бреме што тежи и претежува, на комплекси што се будат неконтролирано , на слабости и болки ќе му посакам само секоја трошка што после тебе таков - никаков останала да ја избрише …. Од желби толку … Другите желби сите можам сама да си ги исполнам …
Синоќа те сонував... После изгрејсонце... Сонот беше глупав, вообичаено, но беше поврзано со тебе.... Беше насмеан, од шеска до шеска, онака среќен... Прочитав во таа сина тетратка дека си знаел грчки јазик... Глупости во боја... Не ти го слушнав гласот, или во најмала рака не ти го памтам... Ама небитно... Кога се разбудив бев среќна што прв пат те сонувам, среќата беше тука дури и кога сконтав дека сонот е жива глупост... Ама среќна бев бе.... Плус по неколку минути ја слушав песната: Nocas sam te sanjala i pitala gde li si sad i ko da sam te prizvala, prokleto mali je ovaj grad ja stojim tako sigurna, a drhtim bas kao tad i na tvoje kako sam, kazem ti nikad bolje do sad A jos kad bih disala, jos kad bih disala razum bih izdala, sve bih ti priznala. Прв пат ја слушам, и не знам од кај и како испадна... Ама си се пронајдов, ептен... Некој би рекол случајност, ама јас не верувам во случајност, најмалку во вакви, навидум без значење... Ти посакувам среќа нова, да си среќен и успешен како и досега, да имаш повеќе храброст да ми пријдиш.... Ти посакувам и да ја имаш до себе вистинската личност, ЈАС!
Дури трае овој ден не сакам да си ја заборавам традицијата. Во 2023 го отворив срцето, нема веќе скршеници, напротив чука се посилно и посигурно во тебе. Можеби се караме често, ама затоа знам дека кога ќе си легнам вечер на перница имам човек што лежи до мене, човек кој го сакам повеќе од се. Те сакам гомно едно. Силно. Моќно. Непрекинато.
Посакувам во новата година да бидеш стариот ти како што те запознав. Да ги имаш сите тие силни чувства за мене како прво. Да си добар со убави мисли. Посакувам да сме среќни како пред една година И дека нема да се откажам така лесно од нас, од тебе колку и да е тешко и знам дека таму некаде има сонце за нас и дека се ќе биде најдобро. ❤️
Ти си ми вистински партнер низ животот. Секогаш и за сѐ можам да се потпрам на тебе, во најтешки моменти си покрај мене. Само да сме здрави и живи и уште долго да уживаме заедно…