Чудно е колку убаво е твоето невидливо присуство …. Невидливо ме потсетуваш дека никогаш не ме почитуваше… Никогаш не ме чуваше … Никогаш не се трудеше ни секунда … невидливо ме потсетуваш на тоа Колку заслужував се да си здрав и жив !!!
Ти си ми... Абе како да се изразам а да го доловам точно зборот како се чувствувам, и што си ми ти мене... На крајот ќе кажам: Те сакам најмногу. Доволно е.
Ми изгледаш како too gоod to be true. Веќе те прежалив а не сме ни почнале.... кој знае што ќе излезе од се ова...
Настаните од минатото што се случувале во твојата фамилија те направиле да бидеш пресметлив, тврдоглав и на моменти крут. Ама јас не сум виновна за тоа. Немам срце да ти речам да бираш страна ама поедноставен би ни бил животот кога би биле само јас и ти во приказната. И да, научи се да правиш компромис.
Што би ти кажала што немам кажано до сега.. никој никогаш нема да сакам како тебе. ти си тој што го обележи мојот живот... нема никогаш повеќе да бидеме заедно, овој пат е сигурно. ме остави кога ми беше најтешко, ме уништи до последниот атом.. секогаш ќе го памтам тоа утро, твоите раце што се тресат, љубовта... сега ми е жал што го искинав писмото, јас едноставно не сум за љубов, не онаква каква што можеш да пружиш ти. засекогаш ќе бидеш мојот мир, мојата прегратка во која заборавам се и се е во ред.не ме сакаш повеќе, и затоа заминувам.. доста беше болка, солзи, неспани ноќи.ти.. ти ќе бидеш добар.ќе најдеш начин да се избориш со се, ќе најдеш друга..ќе биде во ред.
Повторно не наоѓаш време за мене,за нас само мене веќе не ме боли како порано. Не се каам ни за искажаните емоции барем моите се искрени. Последна умира надежта за сѐ.
Ме фаќа дремка зошто се осеќам сигурно. Љубов е легнување и будење покрај тебе, да осеќам топлината на твоето телото покрај моето. Добра ноќ.
Педерски работи не сакаше,а ТИ излезе најголемиот “педер” во цела ситуација,страшно,богами и смешно (фуј).
Да остане таков каков што е моментално, затоа што ме прави многу среќна и сум пресреќна што го имам во мојот живот.
Најмило Ти треба малку да ме насмееш и усреќиш. Не паметам кога сум била вака среќна, полна со живот, полна со идеи и планови кои едвај чекам да ги реализираме заедно. Те сакам чили.
Извини шо ти се понашам така идиотски.... Неќам, и мене ми е криво, ама инстинктивно е, шознам... Јас така знам, само така. Пробувам да ти се доближам, ама ти си тој шо нема ни акција ни реакција.... Или можеби има ама јас сум слепа. Најверојатно различно ги толкуваме некои работи, и тоа е тоа. Да можеше ова да го прочиташ... Или во најмала рака да ти го кажам... Се си мислам дека се плашиш да ми се доближи, се плашиш од одбивање. И во ред е да имаме стравови, сепак луѓе сме... Ама не е во ред тие стравови да ни го контролираат животот мил мој. Па и мој те нареков хахахахха која будала еј!