сЕ мислам...да поминам сам на местата каде што бевме заедно, убави беа тие планини со тебе, веројатно се и без тебе.
Во животот не сум треперела како со тебе на денешен ден, први пеперутки, прв бакнеж.... Онака се потсетив, а поминаа скоро па 20 години, и сеуште не ми излегува тој ден од глава, не ми излегуваат ни турбулентните години во кои создававме спомени подоцна. Не се сеќавам на тебе веќе со љубов, ама не си ми ни болка веќе....Долго време се прашував дали си среќен, се уверив дека си среќен денот кога пред 2-3 месеци те видов а не те спомнав никому, тој ден бевме тотални странци, ма ни тоа, со странец некогаш ќе се погледнеш на разминување, а ти целосно ме игнорираше. Биди здрав и жив, огромна лекција си ми, не беше се така црно, имавме и бели времиња, ама како да бевме заглавени во некое сивило, велат дека еден не може да сака за двајца... Се надевам дека еден ден ќе се појави некој кому ќе му го дадам целосно срцево... Одамна те пуштив, ама ете вака има денови кога се навраќам на спомените... А не сакам....
Периодов ме е малку стресен ама точната поддршка да ја имаш до тебе стварно чуда праело. Шо ќе праев без тебе најмил. Препородена.
Секогаш низ меморија ќе ми се прелеваат два моменти. Летото, вториот официјален бакнеж, и декември, кога сините сијалички најсветло блескаа во твоите очи. Топлина ... Двата датуми.
... Са двадесет се живот чинио као шведски сто, а на нама је само да одлучимо камо.. Све че се друго веч некако начи...
Стана некако навика пред одење на пат и при враќање да бидеш последниот и првиот човек со кој се гледам во Скопје. те обожавам добар човеку.
Случајно ми излезе твоја објава на социјалните мрежи иако одамна јас и ти немаме никаков контакт. Знаеше одвреме навреме да ми пишаш чисто да ме прашаш дали се уште сум со него. Да, со него сум, со мојата сродна душа, мојата најголема љубов, со личноста што до сега ме има третирано најубаво, поразлично од сите вас минати љубови што свесно ме повредиле. Оф, да знаеше колкави големи симпатии имав кон тебе, колку само ми се допаѓаше, колку само те обожавав, но ти ме отфрли на најлош можен начин периодот кога ми се случија многу срања ти со неколку лоши зборови ме отргна, свесно ги кажуваше тие зборови, за да по една година се каеш и каеш и каеш. Знам дека и ден денес се каеш што ме испушти, но јбг, не сум личност која сака врски без обврски. Дури сум ти благодарна за ова што ми го направи, бидејќи денес немаше да бидам со него, туку мојот живот ќе беше поразличен. Нема да негирам дека не ми недостигаш, ми недостигаш но како пријател, иако на стартот си ветивме дека нема да се заљубиме, но потклекнав јас, си ветивме дека ќе бидеме пријатели, веројатно тогаш кога сфати дека се затрескувам во тебе полека, тогаш се смени се. Иако имавме само кратко пријателство, сепак имавме убави моменти. Сега сум среќна, убаво ми е, и не планирам да гледам назад.
Ништо повеќе не би ти кажала Ништо повеќе не би посакала Ништо повеќе нема да е исто И мене ми е веќе глупо да ти кажам дека те сакам Ќе сфатиш,голем си,ама ќе немаш прилика да се искажеш Жал ми е,што правиш да е така
Периодов ни е хаотичен и тензичен...но јас и ти сме заедно против проблемите! Те разбирам и те сакам...