И сега знајш шо? Ме болит рачето. Таму каде што ме држеше ти за да не паднам. Ама ќе поминит дека е од тебе направено. И фала ти што ми дозволи да ги доживеам и јас овие убавини. Само со тебе сум сигурна и само во тебе имам доверба. Немој да направиш некогаш да се почувствувам виновна што сум го помислила ова... Си знајш ти!
Ти го купив часовникот мачорррррррр еденнннн, ела да те изгушкам сега, здиво да ти се земи!!! Е значи колку сакам да му го кажам ова сега , ми претка петел во стомакот..амаа НЕ!!!!!НЕ не не! Можаммм да премолчам еден ден!! Е многу ми е тешко изненадувања да прам значи, какво сум никакво, чудо едно..
Добро си велев јас, ти не знаеш што сакаш. Да, да кооолку и да одрекуваш знаеш дека сум во право. Ме држеше на дланка, требаше само да ги собереш прстите и да ме задржиш, ете толку едноставно. Но ти го избра другиот начин. Сега играме по мои правила. Доста беше, доста чекав. Ми се чини дека многу одамна го фрлив кучкинскиот костим, ама го пронајдов. Да, длабоко во мене спие лицемерната и бездушна кучка за која треба многу труд за да ја разбудиш. А ти успеа толку лесно, браво. Не чекам на кармата да те плесне во лице, кога тоа го можам и јас.
Јас само сакав да го проживеам онаа што самото сакаше да излезе од мене,зошто ли тоа беше толку многу тешко !? ..
Те сакам и ме сакаш ајде те молам да не ги комлицираме работите со сериозни муабети и тако даље. Рилекс. Јас сум со тебе ... до тебе. Сега и секогаш. Не бегам нигде. И сакам да те видам. Нека не биде напорен муабетот што не чека те молам.
Зошто немам намера да ти прозборам никогаш во живот, фино ми е кога ке се испразнам и ке ти кажам нешто тука. ТЕ МОООООООООООООЛАМ остави ме на раат манијак ненормален што е со тебе беее Значи НЕ ТЕ САКАМ ВИШЕ како не ти е јасно??????????? Дури мислам и на други момци алоооо немам намера никаква да се смирам со тебе повеќе... ЛЕЛЕ КАКВА ЗЛОБА СИ БИЛ ТИ ГРЕОТА СИ........................ ОСТАНИ СО ТАА И НЕ МЕ ЗАМАРАЈ МЕНЕ ТЕ МОЛАММММММММММММ.
Песната е за мене? Јас не морат повеќе ништо да ти кажам. Читај од очи. Усните можат и да излажат, но очите не.
Кој ли ѓавол ме натера? Коооојјјј??? Што ли да правам среда? И не ми изигравај рамнодушен, како ништо да не било. Бидна МНОГУ!!! Ах леле ми доаѓа една ваква самовоспитна да си удрам!
Те сакам, но се плашам да ти го признаам тоа...Се плашам да го уништам нашето пријателство....Ако не ти текнало да броиш, се знаеме 12 години...А ти, цело време играш топло-ладно...Не те разбирам...Еднаш ми зборуваш толку убаво, што почнувам да се топам...Но штом ти возвратам, се дистанцираш...Која ти е намерата...Не сфаќам... Сакаш да ме видиш, кога сме заедно постојано се обидуваш да бидеш блиску до мене...Но кога ќе изреагирам, повторно се повлекуваш...Ми велиш дека се би направил за мене, а другиот ден те нема...До кога вака...Дали да ризикувам и да ти признаам се, или пак да ја пропуштам можеби најголемата шанса да бидам среќна??? ТЕ САКАМ НАЈВЕЌЕ
Ти си ми се! Цело е кога има се! Ако те изгубам во мојот живот е исто како да изгубам дел од себе! Ја не сум ја ако те немам тебе...стана дел од мене моментот кога првпат те видов и бакнав! Знаев дека ти си тој вистинскиот! Осеќај ме никад не вара! И еве не 6 години после јас и ти ( ние ) како на почеток само сега е многу појако чувството, по зрела е љубовта! Пораснавме заедно, созреавме заедно, и ако порано не се разбиравме и сфаќавме целта отсекогаш ни беше иста и успеавме! Застанавме на нозе заедно иако имаше периоди кои беа добри а и многу лоши успешно ги поминавме сите пречки и несогласувања и злобни намери...Ама вредеше да се бориме за ова што денеска го имаме љубов,страст, почит и разбирање добра основа за заедничка иднина! Се сеќавам како вчера да беше кога се првпат се бакнавме, гушнавме, првиот твој мил поглед кога очите ти светеа а ја едноставно се топев во твоите очи! Првиот секс, првиот оргазам! Првото Те Сакам! Првата солза, првото раскинување, првото помирување! Првпат кога ми кажа дека сум ти најбитна и дека секогаш ќе бидеш тука за мене! Телетабиси бе !Деца, мали и луди, заљубени се шлаевме по маало за рака или гушнати и се клатевме додека одевме дури и во ист ритам одевме! хехе Се смееавме на цел глас, среќни што се најдовме исти калибар и ни се чудеа како можевме да се гушкаме на +40! И сексавме од кревет на маса,во вц на кратки, надвор во природа.... Лудаци си бевме и останавме! Створени еден за друг! Уживавме и кулиравме само ја и ти! Зборевме за све и сешто додека твоите другари гледаа фудбал или скитаа по маало! Ние сегде заедно одевме! Како Божиќ и Бадник! Се заколнавме на верност, и си обеќавме дека еден ден ќе си бидеме маж и жена и ќе си имаме многу деца! Еее како го пишувам сега ова има огромна насмевка на лице....поминавме низ се и сешто и стварно не беше детска заљубеност! Искрена и неискварена љубов е она што не држеше заедно и опстанавме! Тоа е тоа! Знаев дека вреди да се борам за тебе, и да ти се дадам целосно со душа и тело, и да ти верувам ( да верувам во нашата љубов )! Ах, љубави моја не си ти само мој дечко и партнер и љубовник и најдобар другар, ТИ си мојот АНГЕЛ!